ВЛЕН: Очајнички се обидите на ДУИ да ги оцрни функционерите во Владата

January 9, 2025
1 min read

ДУИ е прва партија на Албанците која ги оддалечува Албанците од нивните западни стратешки партнери, заради својот криминал и корупција. Очајнички се обидите на ДУИ да ги оцрни функционерите во Владата дека работат на некакви туѓи агенди кои ја оддалечуваат Македонија од патот кон еднаква и стабилна држава, реагираат од Коалицијата ВЛЕН.

-Да се потсетиме дека најголемиот спроведувач на агендата за Српски свет беше минатата Влада на ДУИ кога жилаво се бореше да преживее Отворен Балкан иако Албанија ја напушти иницијативата по случувањата на Косово.
Да се потсетиме дека Бујар Османи беше прв министер што бил домаќин на Сергеј Лавров на европско тло.
Да се потсетиме дека функционерите на ДУИ во изминатите години се заблагодаруваа на Србија и Вучиќ за тоа што им ја покрива неспособноста при набавка на вакцини и гас.

Да се потсетиме дека Артан Груби и Рамиз Мерко се на црна листа на Америка поради уривање на правната држава, а со себе ги повлекоа и своите фамилии. Најотворана веб страница во Мала Речица е таа на Стејт департментот. Секое утро проверуваат да не имаат некој член на црна листа.

Да се потсетиме дека ДУИ е партијата која зема пари за фиктивни лиценци за игри на среќа од разни балкански криминалци. Партенери им се луѓето од српското подземје.

Работењето на ДУИ е целосно во спротивност на препораките од стратешките партнери на Македонија, ЕУ и САД.
Се почесто ДУИ се поистоветува со делувањето на Левица. Седењето еден до друг во собраниските клупи очигледно ги доближува.

Интепелациите на ДУИ се смешни. Жално е на кое ниво падна партијата одејќи по паметот на Артан Груби и Бујар Османи. На Албанците во Македонија им треба сериозна опозициска партија, а не криминална структура која е спремна секого да продаде во обид да се заштити, стои во партиската реакција

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хорор сцени во Лос Анџелес

Следно

„Заобиколувањето на химната не е голема греда“ – Јаневска: Никој никому не може да му забрани да ја слуша и пее химната

Latest from Blog

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Премиерот Христијан Мицкоски утре доаѓа во Тетово

Утре 23.03.2026 година (понеделник) претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“, инофрмираат од владината прес-служба.
Go toTop