ВЛЕН: Наместо автопат Скопје – Блаце, Османи остави само албуми со фотографии

August 25, 2025
1 min read

„Поминаа 5 години, 7 месеци и 8 дена од свеченото потпишување на договорот за „првите 2 километри“ на автопатот Скопје – Блаце, а ветувањето на Бујар Османи со кое се фотографираше и политички се фалеше остана нереализирано“, соопштија од Влен.

Од партијата додаваат дека наместо реализација, јавноста добила „Фејсбук сесии, фотографии, изјави и скапи видеа, но резултати нула“.

„Ветуваа автопати, оставија само албуми со слики. Ветуваа нови болници, оставија семејни трагедии. Ветуваа водоводи, оставија пустош“, наведува Влен.

Во соопштението се посочува дека Османи, кој во изминатата деценија бил на повеќе високи државни функции – министер во владата на Никола Груевски, вицепремиер за европски прашања, а потоа и министер за надворешни работи во владите на Зоран Заев и Димитар Ковачевски – „нема резултати ниту за автопатот, ниту за општините на кои најмногу им ветувал“.

„Доста беше со промотивни настани на лажни големи ветувања. Бујар Османи нема што да покаже како резултат зад себе, нема реализирани проекти, нема изградено ништо, нема помогнато никому. Тој е политичар кариерист, без резултати. Неговите ветувања денес за Чаир се исти како ветувањето за автопатот кон Блаце пред пет и пол години – празни“, стои во реакцијата на Влен.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

MARKETING

MARKETING

Претходно

Дневен хороскоп за понеделник, 25. август 2025 година

Следно

Криминал тежок над 7 милиони евра: Претреси на неколку локации во Македонија, удар за организирана криминална група

Latest from Blog

ФФМ ги казни и клубовите и официјалните лица по насилството во младинскиот фудбал

Врз основа на собраните изјави, службени извештаи и пријавата доставена од Комисијата за млади категории во рамки на ФФМ, Првостепената дисциплинска комисија на ФФМ отвори и заврши неколку дисциплински постапки во согласност

Предвремените претседателски избори во РС ќе бидат распишани најдоцна следната седмица

Повикот е испратен врз основа на одлуката на Централната изборна комисија (ЦИК) на БиХ од 6 август 2025 година, со која е утврден престанокот на мандатот на Додик. Централната изборна комисија (ЦИК)

Шпигел: Мерц би можел да ја номинира Фон дер Лајен за претседател на Германија во 2027 година

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја разгледува опцијата да ја предложи претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за позицијата претседател на Германија во 2027 година, објави денес весникот „Шпигел“, повикувајќи се
Go toTop