ВЛЕН го поздрави договорот со САД: Нови можности за раст и инвестиции

February 13, 2026
1 min read

Коалицијата ВЛЕН оцени дека договорот меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави за меѓусебна трговска и енергетска соработка претставува историски чекор кој го зајакнува стратешкото партнерство и отвора нови можности за економски развој.
Според ВЛЕН, укинувањето на царините за американските производи на домашниот пазар е силен сигнал за отвореност, конкуренција и подлабока интеграција во глобалните пазари.

Од коалицијата наведуваат дека оваа мерка ќе придонесе за подобрување на деловната клима, зголемување на конкурентноста и привлекување странски инвестиции.
„Нашата ориентација е јасна – рака под рака со САД, за модерна, отворена и конкурентна економија и за силна и кредибилна држава на меѓународната сцена“, се наведува во соопштението.

Од ВЛЕН потенцираат дека договорот отвора пат за сеопфатен трговски аранжман со кој царините би биле ограничени на најмногу 15 проценти, а за одредени производи и индустрии и до нула проценти. Тоа, според нив, ќе создаде нови можности за извоз, инвестиции и економски раст, како и поголеми изгледи за вработување.

Коалицијата нагласува дека продлабочувањето на соработката со САД е потврда за силната меѓународна поддршка што ја ужива земјата и дел од нивната визија за долгорочен економски развој и стабилност.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комерцијална банка и Алкалоид ја водеа ликвидноста – МБИ10 со пад од 0,23%

Следно

Тудор на клупата на Тотенхем!

Latest from Blog

Божиновска: Повисоки плати за поефикасна и одговорна администрација во Министерството за енергетика

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и претседателот на САДУ – Синдикатот на администрацијата и државната управа, Благоја Ралповски, официјално го потпишаа поединечниот колективен договор со кој се предвидува

Коњановски: Широк сокак ќе добие европски изглед

На денешната седница на Советот на Општина Битола свое обраќање имаше градоначалникот на Битола Тони Коњановски. Во продолжение интегрално го објавуваме неговиот говор. „Како Општина сериозно и темелно ги решаваме проблемите во

Нови гнасотилаци од лабораторијата на лаги на Сашка Цветковска

Во својата последна видео-сторија под наслов „Цената на правдата“, во која се зборува за наводни злоупотреби на вишите јавни обвинители Мустафа Хајрулахи и Јове Цветановски, ИРЛ и уредничката Сашка Цветковска пласираат шпекулација
Go toTop