ВЛЕН: ДУИ со Левица го предаде евроатлантскиот пат на Албанците

September 23, 2025
1 min read

Коалицијата Таравари – Села – Ахмети, која ВЛЕН ја нарекува „селотејп коалиција“, е целосно обземена од стравот од поразот кој, според нив, ќе им се случи на 19 октомври. Од ВЛЕН нагласуваат дека најновото политичко сојузништво на ДУИ со анти-ЕУ и анти-НАТО партијата Левица претставува најголемо разобличување на нивната вистинска политика по 20 години ветувања за интеграција.

„Денес, Ахмети и неговите луѓе станаа партнери со Левица само за парче власт. Ова е најголемото предавство на европската и евроатлантската ориентација на Албанците,“ стои во соопштението на ВЛЕН.

Од таму потсетуваат дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, сè уште должи одговори на неколку клучни прашања што ја засегаат јавноста:

Зошто беше толериран градоначалникот на Липково кој, според обвинувањата, ги труел жителите со арсеник?

Зошто и понатаму се брани кадар кој од САД е прогласен за лице вмешано во корупција?

Кога последен пат Ахмети остварил средба со меѓународен релевантен фактор?

„Светот веќе знае која е ДУИ, но тие и понатаму мислат дека со методите на оние кои бегаа од правдата за корупција ќе можат да ги излажат Албанците,“ додаваат од ВЛЕН.

Движењето порачува дека на 19 октомври граѓаните ќе дадат јасен и заслужен одговор на оваа политика, избирајќи промена и европска иднина наместо, како што велат, „заглавеноста во криминал и корупција“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дневен хороскоп за 23 септември 2025 година

Следно

Земјотрес со јачина од 5,3 степени на Азорските острови

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop