ВЛЕН: Додека министрите на ДУИ се богатеа, Албанците беа избришани од пописот

August 24, 2025
1 min read

ВЛЕН обвинува дека во пописот од 2021 година, спроведен од владата предводена од ДУИ, албанската дијаспора била избришана и со тоа, како што велат, била нанесена голема неправда врз Албанците.

„ДУИ е печатот на националниот срам. Тие го напишаа, предложија и изгласаа моделот и методологијата на пописот што ги обезвреди бројките, ја исклучи дијаспората и го наруши правичното претставување на Албанците. Проблемот не дојде случајно, ДУИ го создаде“, соопшти ВЛЕН.

Во реакцијата се наведуваат имињата на Али Ахмети, Бујар Османи, Артан Груби, Илми Селами, Блерим Беџети и други функционери на ДУИ како директни одговорни за усвојувањето на Законот за попис во парламентот.

Според ВЛЕН, цели села во западна Македонија биле попишани со само 30 до 50 проценти од жителите, додека, како што нагласуваат, министрите на ДУИ се грижеле за приватни компании на свои роднини, а не за правичен попис. „Додека тие се богатеа, Албанците беа избришани од пописот“, велат од партијата.

„Не може ДУИ да тврди дека ќе решава проблем што самата го создаде. Времето на манипулации заврши, започна времето на еднакви права“, порачуваат од ВЛЕН, додавајќи дека веќе е започната иницијатива за одговорност на сите вклучени во спроведувањето на, како што го нарекуваат, скандалозниот попис.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Куновски: Битола заслужува градоначалник кој носи резултати, а не разочараност

Следно

На граничните премини се чека до 15 минути за влез и излез од државава

Latest from Blog

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните

Мерката и бројките што ги промовира Владата не се ништо друго освен фрлање песок во очите на граѓаните, нагласи заменичката претседателка на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, во вечерашните вести на МРТ. Каранфилова

Покетино:„Ми недостига Англија и фудбалот во Премиерлигата!“

ФОТО:.facebook.com/officialussoccer Во последните денови,селекторот на САД, Маурицио Покетино, беше поврзуван со менаџерски позиции во Тотенхем и Манчестер Јунајтед. Тој призна дека му недостига фудбалот во Премиер лигата. Аргентинецот досега раководел со три
Go toTop