Screenshot

ВЛЕН до ДУИ: Молчевте кога Албанците беа нарекувани „терористи“, а денес држите лекции

August 29, 2026
1 min read

Политичката партија ВЛЕН ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека повторно се обидува да создаде, како што велат, лажна слика во јавноста преку манипулации и извртување на фактите.

Од ВЛЕН велат дека е неточно мешањето на конкурсот за вработување во полицијата со конкурсот за ученици во средното полициско училиште.

„Тоа се две целосно различни постапки, а нивното мешање е доказ за политичкиот очај на партија која се обидува да создаде лажна перцепција кај јавноста“, наведуваат од ВЛЕН.

Од партијата додаваат дека иронијата е што ДУИ денес се претставува како заштитник на интересите на Албанците.

„Каде беа заменик-министрите на ДУИ кога стоеја покрај министрите кои ги нарекуваа Албанците „терористи“? Каде беа кога министер изјавуваше дека не му давал право на еден Албанец да зборува само затоа што бил осуден?“, прашуваат од ВЛЕН.

Според нив, тогаш претставниците на ДУИ молчеле, а денес, како што велат, „држат лекции“.

ВЛЕН оценува дека Албанците немаат потреба од морализирање од политичари кои молчеле кога требало да зборуваат, а денес гласно реагираат за да ги прикријат сопствените политички неуспеси.

„По 22 години власт, ДУИ не може да се крие зад пропаганда и клевети“, велат од ВЛЕН, додавајќи дека партијата, според нив, нема ниту морален ниту политички кредибилитет да зборува за застапеноста на Албанците.

Од ВЛЕН порачаа дека нема да дозволат, како што наведуваат, „лагите на ДУИ да ги заменат фактите“ и дека периодот во кој Албанците биле, според нив, „измамувани со фабрикувани сценарија“ е завршен.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп склучи голем нафтен договор со Венецуела

Следно

УЕФА го објави распоредот: Реал – Интер, Ливерпул – Атлетико на отворањето на новата сезона на ЛШ

Latest from Blog

Трамп ги минимизираше ризиците што ги претставува вештачката интелигенција по сериозните предупредувања

„имате многу многу негативни сили кои го покренуваат тоа прашање,  тие покренуваат работи што нема да се случат“, рече Трамп за време на посетата на Ирска. Едно од предупредувањата дојде од поранешен

Николоски: Македонија инвестира во енергетска сигурност, инфраструктура и нови работни места

Во 21 век напредуваат државите кои инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти, порача вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски. Тој посочи дека Владата води политика насочена кон иднината,

Божиновска: Секој ревизорски наод мора да има конкретен одговор, активност и рок

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска одржа работен состанок со органите во состав и субјектите поврзани со Министерството, посветен на постапувањето по наодите и препораките од ревизорските извештаи.

Општина Прилеп: Од 14 септември се спроведува дератизација на канализационата мрежа

Општина Прилеп ги информира граѓаните дека од 14 септември 2026 година ќе започне спроведувањето на превентивна систематска дератизација на канализацискиот систем на територијата на Општина Прилеп. Дератизацијата ќе се спроведува согласно договорот
Go toTop