Власта го менува законот за странци за да и олесни на „Бехтек и Енка“ да ангажира работници од странство

January 13, 2025
1 min read

За да се забрза изградбата на автопатиштата под надлежност на „Бехтел и Енка“, Владата најавува промени во Законот за странци. Новите измени, објавени на платформата ЕНЕР, имаат за цел да ги олеснат процедурите за ангажирање странски работници, објави Фактор.

Олабавување на критериумите: Се намалуваат обврските кои странските работници треба да ги исполнат за привремен престој, како што е доказ за средства за сместување.

Едноставна документација: Процесот ќе се забрза со исклучување на обврската за мислење од Агенцијата за вработување.

Подолг рок за продолжување на престој: Наместо 30 дена, барањето за продолжување ќе може да се поднесе 90 дена пред истекот на дозволата.

Специјални одредби за стратешки проекти: Работници на проекти од јавен интерес ќе добиваат привремен престој независно од квотите на пазарот на труд.

Министерството за внатрешни работи смета дека измените се во согласност со Законот за утврдување јавен интерес и ќе ја поедностават процедурата за сите компании кои вработуваат странци. Според министерот, новите решенија ќе овозможат ефикасно спроведување на инфраструктурните проекти.

Според предлагачите, измените нема да предизвикаат нови фискални обврски, ниту дополнителни ресурси за институциите. Исто така, нема да има влијание врз малите и средни претпријатија.

Иако се предвидуваат олеснувања, документот укажува на ризици во однос на спроведувањето од страна на институциите.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дежурните екипи на ЈП Македонијапат и во текот на ноќта беа на терен (ФОТО)

Следно

Големи наноси на снег: Во целосен прекин сообраќајот на патниот правец Крушево – с.Пуста река

Latest from Blog

Еспањол ја покори Баскија!

ФОТО: RCD Espanyol de Barcelona/FB Еспањол ја покори Баскија, го освои Билбао. Фудбалерите на Еспањол вечерва победија на гостувањето кај Атлетик Билбао со 2:1, во натпреварот од 17-то коло на шпанската Примера.

Утре се празнува Преподобна Ангелина-заштитничка на семејството, мајките и жените

Преподобна Ангелина била сопруга на светиот деспот Стефан Бранковиќ и мајка на светите Јован и Максим. Таа е позната како пример на христијанска трпеливост, смирение и длабока вера. По смртта на сопругот,

Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години, вели Муцунски за барањето за избор на Влада со „Бадентер“

Али Ахмети уште живее во фолклорот од времето кога првпат има земено учество во владата од 2002 година. Поминати се многу години, повеќе од 20 од времињата во коишто е заглавена неговата
Go toTop