Да се стрпиме неколку недели или месеци и додека не бидам сигурен во она што го зборувам, нема да кажам ниту име, ниту процес, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарски прашања.
Тој, најави дека прво ќе следи како што рече, реструктурирање во партијата до крајот на април и почетокот на мај, а потоа, во мај-јуни, ќе се посветат на евентуални промени и на договори во коалицијата.
„Очекувам дека до крајот на април или почеток на мај ќе ја затвориме внатрешната структура и потоа, во мај-јуни, ќе се посветиме на меѓукоалициските договори, на кадровските поместувања, освежувања, институциоанлни рокади, додаде Мицкоски.
Извор: zurnal.mk


