Владата стави рака и врз Националната комисија за учебници, ќе ги избира нејзините членови

December 28, 2024
1 min read

Со предложените решенија во Дополнетиот предлог-закон за учебници во основно и средно образование Владата ќе ги избира членовите на Националната комисија за учебници. За ваквите законски измени опозицијата жестоко реагираше. На денешната собраниска 28 седница, претниците на СДСМ рекоа на овој начин власта предводена од Христијан Мицскоски манипулира бидејќи со ваквите предлог решенија се врши политизација на ова тело.

„Загрижува Националната комисија за учебници, како е претставена во законот. Се сомневаме дека се остава голем простор за политизација на целиот овој процес. Се остава впечаток дека секој може да биде член. Будно ќе следиме како ќе се формира комисијата и какви се експерти ќе бидат членови. Со ваквото решение е оставен простор за голема манипулација, рече пратеничката, Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ. 

Костадиновска Стојчевска, укажа и дека со законот не се предвидени јасни критериуми во законот за тоа кој може да биде рецензент, потоа дека процесот за одобрување на учебници е многу сложен и може да доведе до административни одложувања, како и дека законот не е напишан на родосензитивен јазик. Власта нема волја да ја унапреди инклузијаа на децата со попреченост со учебници кои ќе бидат изработени според сите стандарди“, рече Костадиновска Стојчевска.

Сали Мурати од Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија, кое е дел од коалицијата Европски фронт, предочи дека законот има дискриминаторски однос кон помалите заедници.  

„Секоја година имаме проблеми со преводи на книгите на турски јазик, па очекувавме со овој закон да има санкција за ненавремено обезбеудвање преводи. Издавачките куќи немаат економски бенефит за печатење книги на јазиците на помалите етнички заедници и тоа им е оправдување, требаше да има законска норма за доцнење на преводите. Нема механизам за контрола на квалиетот на преводите, ниту прецизни критериуми за застапеност на заедниците во комисиите“, забележа Мурати.

Според Елми Азири од Алијанса за Албанците кој препозна мешање на политиката во образованието, со законот се прават само козметички измени кои не нудат суштински решенија. Се ограничува, рече, правото на авторите надвор од земјава, а таквиот механизам нема да биде во функција на зголемување на квалитетот на образованието.  

Пратениците претходно го завршија претресот по Дополнетиот предлог закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование, во второ читање. Пратеничките Арбана Пашоли од ДУИ и Илире Даути од АА реагираа на амандманот со кој во Законот се вметнува обврската за задолжителен тест по македонски јазик на директорите во основно образование. Со тоа, оценија, се покажува желбата за супремација на мнозинството. Сали Мурати од ДУИ повика да се повлече законот и да бидат вметнати сите изнесени забелешки.

Во Собранието попладнево во рамки на 28-та седница беше донесен Законот за стручно образование и обука, како и одлука за изменување на Одлуката за избор на претседател, членови и заменици членови на Советот на Собранискиот канал.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вучиќ: Не е новост дека Новак Ѓоковиќ и Жељко Обрадовиќ се против нас, знам што мислат за мене

Следно

Одземен пасошот на Рамиз Мерко поради опасност од бегство, обвинителството покрена ново обвинение

Latest from Blog

Утре се празнува Преподобна Ангелина-заштитничка на семејството, мајките и жените

Преподобна Ангелина била сопруга на светиот деспот Стефан Бранковиќ и мајка на светите Јован и Максим. Таа е позната како пример на христијанска трпеливост, смирение и длабока вера. По смртта на сопругот,

Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години, вели Муцунски за барањето за избор на Влада со „Бадентер“

Али Ахмети уште живее во фолклорот од времето кога првпат има земено учество во владата од 2002 година. Поминати се многу години, повеќе од 20 од времињата во коишто е заглавена неговата

Авион на „Рајанер“ удрил во цистерна на аеродромот во Единбург, патниците евакуирани

Авион на ирската авиокомпанија „Рајанер“, на лет за Португалија, денеска удрил во цистерна за гориво на аеродромот во шкотската престолнина Единбург, поради што патниците биле евакуирани, соопшти портпарол на аеродромот, додавајќи дека

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски смета дека темата за прием на одбиени баратели на азил во земјава, шпекулативно ја отвориле медиуми од Обединетото Кралство, и тоа не само
Go toTop