Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ веќе презема мерки за воздухот и со системски решенија на среден рок ќе обезбеди чиста животна средина

November 15, 2024
1 min read

Загадувањето на воздухот не е проблем што може да се реши во четири месеци власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Нивото на загаденост на воздухот е високо затоа што опозиционите душегрижници, СДС и ДУИ седум години на власт не направија ништо и не преземаа никакви системски мерки кои до сега би дале ефект, објави владејачката партија во денешново соопштение.

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ сериозно и посветено работи на спроведување и изнаоѓање решенија за системско решавање на проблемот со загадениот амбиентален воздух.

Амбиенталниот воздух, посебно е загаден во зимските денови со почетокот на грејната сезона, што јасно става до знаење дека начинот на затоплување на домовите е еден од причините за загаденоста.

За таа цел, Владата веќе реализираше една од мерките за субвенциите за инвертер клими за граѓаните која ќе продолжи и понатаму. Дополнително, Владата исто така, ќе обезбеди субвенции и за фирмите кои ќе користат чисти енергетски решенија.

Исто така, ќе се воведат строги ограничувања за најштетните извори на енергија и ќе се контролираат најголемите индустриски загадувачи. Освен ова, Владата ќе започне и програма за масовно пошумување и засилено чистење на јавните простори“, стои во соопштението.

-Сите овие мерки од кои што дел веќе се имплементираат, паралелно со забрзаната гасификација на Македонија и изградбата на когенеративната централа, ќе значат долготрајни решенија за намалување на загаденоста на воздухот и кои на среден рок ќе обезбедат почиста животна средина, потенцираа од партијата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Врнежи од дожд низ целата земја, еве каде наврна најмногу во изминатите 24 часа

Следно

САД: Одделот на Илон Маск за намалување на државните трошоци бара „револуционери“ со висок коефициент на интелигенција

Latest from Blog

Германија е домаќин на преговори за прекин на огнот во Украина

Германија стана центар на дипломатските напори за постигнување прекин на огнот во Украина овој викенд, домаќин на американски и украински делегации за клучни разговори. Овие разговори претходат на самитот што ќе се

Катица Јанева излезе од „Идризово“, доби условен отпуст

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева од понеделникот е на условен отпуст и го напушти затворот „Идризово“, откако издржуваше дел од седумгодишната затворска казна изречена во предметот „Рекет“, објави СДК. Како што

ЗК Пелагонија со „АгроЕкоСтаница“ ги отвора вратите за зелени вештини и паметно земјоделство

Центарот за обука на ЗК Пелагонија отвори уникатна можност за идните, но и за постоечките земјоделци, ученици и студенти да учат од реални примери, да предвидуваат ризици, да применуваат современи технологии и

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач
Go toTop