Владата потврди: МНР и Одбрана ќе одлучат дали ќе одобрат слетување на авионот на Лавров во Скопје

November 24, 2023
1 min read

Ова следува по денешната владина одлука со која се врши измена и дополнување на актуелните рестриктивни мерки кон Руската Федерација кои земјава ги воведе по руската инвазија врз Украина, а согласно кои беше воведена забрана за влез на руски воздухоплови во воздушниот простор на Северна Македонија

Министерствата за надворешни работи и за одбрана ќе може да одлучат дали ќе издадат одобрение за прелет и слетување на рускиот воздухоплов над и во земјава за време на одржувањето на Министерскиот совет на ОБСЕ.

Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Руската Федерација / Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Ова денеска го потврдија од Владата откако претходно истото го соопшти Министерството за надворешни работи.

„Надлежните министерства за надворешни работи и за одбрана ќе можат дополнително да одлучат за издавање одобрение за прелет и слетување на рускиот воздухоплов за време на одржувањето на триесеттиот министерски состанок на ОБСЕ во Скопје, во период од 29 ноември до 1 декември 2023 година“,

соопштија од Владата.

Ова следува по денешната владина одлука со која се врши измена и дополнување на актуелните рестриктивни мерки кон Руската Федерација кои земјава ги воведе по руската инвазија врз Украина, а согласно кои беше воведена забрана за влез на руски воздухоплови во воздушниот простор на Северна Македонија. Одлуката за ограничување на пристапот на руски авиони Владата ја донесе во февруари минатата година приклучувајќи се кон регулативата на Советот на ЕУ од заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата.

Одлуката со која се изменуваат конкретните рестрикции кон Руската Федерација, како што посочуваат од Владата, е согласно регулативата на Европската Унија и одредбите во самите рестриктивни мерки со кои за меѓународните конференции, како што е ОБСЕ, се предвидени исклучоци.

Засега нема потврда дека ова значи и дефинитивно доаѓање на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на Министерскиот совет на ОБСЕ од 29 ноември до 1 декември во Скопје.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Како Холивуд го финансираше фарбањето галерии и блокирањето сообраќај

Следно

Владата ги овласти министерствата сами да одлучат за слетување на руски авиони, велат од МНР

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop