Владата очекува до милион и пол туристи во Македонија

June 25, 2025
1 min read

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со забележаниот раст на туризмот во Македонија за 20 проценти, како и за тоа на што се должи растот и кои се очекувањата на Владата, изјави:

„Да, тоа е добар податок во првите четири месеци од оваа година. Добар податок во смисла на тоа дека повеќе од 20% имаме и туристи и ноќевања. Тоа значи повеќе пари, за граѓаните кои што нудат услуга на овие туристи. Тоа значи дека, ако просекот е некаде околу 800 евра, дека секој од нив оставил, надвор од аранжманот. Тоа се навистина стотици милиони евра коишто ќе останат тука, кај нас, во угостителството, во услужната дејност итн., итн.

Очекуваме засилување, уште поголемо. Обидот, да директно преговараме со туроператори е успешен, 40.000 туристи од Западна Европа, веќе престојуваат тука, во вкупен број зборувам. Тоа се некаде околу 160.000 ноќевања, надвор од сезона, кога зборуваме за Охрид, иако и во другиот дел на државата, цела година е сезоната. 

За следната година очекуваме, надвор од сезона, половина милион ноќевања. Веќе разговараме со други туроператори и очекуваме повторно двоцифрен раст на туризмот. Влијае на бруто-домашниот производ, влијае на економскиот раст на државата.

Минатата година имавме 1.200.000 туристи. Оваа година очекуваме до милион и пол да дојдеме. Минатата година имавме 3,5 милиони ноќевања, а оваа година очекуваме до 4 милиони ноќевања минимум да дојдеме“, изјави премиерот Мицкоски.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Групна изложба: „Овој простор им припаѓа на сите“

Следно

Експлозии одекнаа во два сириски крајбрежни града по пожар во поранешен воен објект

Latest from Blog

НОВИ ДЕТАЛИ за системот „БЕЗБЕДЕН ГРАД“: Како функционира и што може да регистрира?!

Почетокот на примена на системот „Безбеден град“, на патиштата означува нов начин на сообраќајна контрола, којшто се темели на стационарни радарско-видео камери со висока техничка прецизност. Иако во јавноста фокусот беше на

Фирмата во Скопје, на уапсениот Србин за 5 тони марихуана, работела со загуби, а одгледувала канабис за медицински цели

Иван Драгниќ, еден од српските државјанин, кој беше уапсен во голема полициска акција во Србија, за пет тони марихуана, а за кои сомнежот е дека е внесена од Македонија, има фирма во

По смртта на тинејџерот бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41

Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се на обвинителството. Младиот швајцарски државјанин починал во болница во Цирих. Со неговата

До 5 февруари пријавување за субвенциониран студентски оброк

Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од денеска до 5 февруари 2026. -Правото на субвенциониран
Go toTop