Владата не одговара по кој основ месечно исплаќа 90.000 денари на приватни лица

November 5, 2024
2 mins read

Иако ја ветија транспарентноста, сепак се уште сајтот на Владата се ажурира најчесто со вести од случувањата во кои учествува премиерот Христијан Мицкоски или дел од министрите. И покрај реакциите на новинарските здруженија и повеќе медиуми за потранспарентно објавување и на одлуки, вработени и нивните плати, сепак се уште стојат стари податоци, а тешко се добиваат одговори и од владините прес служби.

Во изминатиот период се направени неколку исплати кон физички лица од сметката на Владата на земјава, за кои досега двајца професори јавно потврдија дека го советуваат премиерот, а за третата исплата кон кон Сашо Марковски по ист основ на три пати во износ од 90, 90 и 43 илјади денари, од Владата втор ден молчат по кој основ е оваа исплата. Тој е поранешен амбасадор во Германија, и според информациите на Рацин.мк вработен во Министерството за надоврешни работи и трговија, но и таму затаи транспарентноста па не добивме потврда дали тој е се уште вработен во ова министерство.

Двајца универзитетски професори од Правниот факултет се единствените кои досега јавно потврдија дека го советуваат премиерот, професорот од катедрата по уставно право и политички систем и поранешен пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ Александар Спасеновски вели дека потпишал договор со кабинетот на премиерот кој трае до крајот на оваа година. Договорот го има склучено како надворешен советник за европски интеграции и како што самиот вели, во оваа фаза од европските интеграции ќе биде давање совети и анализи кога ќе биде побарано тоа од него.

Лазар Јовевски е второто професорско име од Правниот факултет кое се јавува како советник на премиерот. Професорот по трудово право и поранешен претседател на комисијата за труд и социјална политика, исто така јавно потврди дека е надворешен советник со едногодишен договор за прашања од неговата стручност.

Според податоците кои се јавно достапни на платформата „Отворени финансии“Спасеновски има веќе три исплати од по 90 илјади денари и тоа во август и во септември. Јовевски пак до сега има само две исплати во септември и октомври и тоа на сума од 60 илјади денари.

425970 е шифрата под која се вршени исплати од Влада, а кои можат да се најдат на алатката „Отворени финансии“. Таа всушност се однесува на „консултантски услуги“. Под таа шифра може да се најдат уште исплати кон уште едно име со слична сума и речиси идентично време на исплати.

Трансакција кон Игор Николов е извршена во септември и октомври , а сумата е по 90 илјади денари.

Како што може да се види од неговата страница на фејсбук веќе подолго време е активен на состаноци со актуелни функционери од власта, учествува на патувања со директорите на Фондот здравствено осигурување, како и во креирање на владини политики од областа на здравството. Инаку тој е и претседател на советот на Општина Бутел, професор и доктор нефролог.

На сајотот на владата има и оглас за избор на советник како посебно работно место во Кабинетот на заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за политики на добро владеење од 1809.2024 година но засега нема информација дали е избран или пак доколку е избран кое е неговото име.

Владата не ги открива имињата на советниците

Пред повеќе од месец и половина синот на актуелниот директор на Управата за извршување санкции Александар Пандов, Столе Пандов на својот профил на ФБ објави дека во својство на „советник за млади на Претседателот на Владата“ имал можност да отвори настан.

Од невладините велат дека Владата мора да ги објави имињата, хонорарите и работните обврски на советниците на премиерот, бидејќи граѓаните и пошироката јавност имаат право да знаат кој го советува премиерот во насока на креирање на политиките кои не засегаат сите.

Центарот за граѓански комуникации го објави редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност 2024, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер, во кое се вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини. Заклучокот е дека министерствата се без напредок во нивото на транспарентност, а кај општините има минимално подобрување.

Во истражувањето, Владата падна од ланското прво место со 100% активна транспарентност на 40-то место со 87%. Истражувањето покажа дека просечната активна транспарентност на министерствата, Владата и општините за 2024 година изнесува 80%, што е подобрено за 4 процентни поени во однос на минатата година (76%).

Активната транспарентност на министерствата и Владата е 86%, додека на општините е 79%. Министерствата не покажуваат напредок во однос на ланската година, додека општините постигнаа подобрување од 5 процентни поени.

С.Т.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ бара Судскиот совет да ја преиспита својата одлука

Следно

СИЛВАНА БЛАЖЕВСКА Е НОВА В. Д. ДИРЕКТОРКА НА НАЦИОНАЛНАТА УСТАНОВА „СТОБИ“

Latest from Blog

Тотенхем има две имиња за нов менаџер, а доаѓа и нов спортски директор од Борусија (Д)

Поранешниот тренер на Олимпик Марсеј, Роберто Де Зерби, е подготвен да стане главен тренер на Тотенхем доколку клубот не испадне од Премиер лигата. Според „Телеграф“, привремениот тренер на Спарс, Игор Тудор, дефинитивно

Надомест за каснување од кучиња – упатство за граѓаните на Прилеп

Локалната самоуправа на општина Прилеп ги известува граѓаните дека започнува примената на Упатството за начинот и правилата на утврдување и исплата на надоместок на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња. Со

Министерката Божиновска најави продолжување на попустите на горивата до 6 април

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека преземените мерки од страна на Владата, во комбинација со конкретни чекори од економските оператори, даваат резултати – цените на горивата се

Општина Битола: Во тек е прием на иницијативи за енергетски капацитети

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги информира сите заинтересирани инвеститори дека 1 април е краен рок за поднесување иницијативи за изградба на енергетски објекти со инсталирана моќност помала од 1
Go toTop