Владата на Мицкоски се откажа од изградбата на нов Клинички центар, ќе се проширува болницата „8 Септември“

February 6, 2025
1 min read

Плановите за изградба на нов Клинички центар се ставени на пауза, најави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Според него, пред да се преземат понатамошни чекори, неопходна е детална анализа на потребите на населението, особено во контекст на демографските промени и бројот на пациенти.

Како алтернатива, Градската општа болница „8 Септември“ се издвојува како најсоодветно решение за модернизација и проширување. Клековски посочи дека болницата располага со доволен простор и инфраструктура, што ја прави најдобар кандидат за развој во регионален здравствен центар кој ќе опслужува пациенти од Скопје, Куманово и Велес.

Во рамките на презентираниот буџет на Фондот за 2025 година, реорганизацијата на „8 Септември“ е дел од здравствената стратегија на Владата. Клековски нагласи дека болницата има значително поголеми капацитети во однос на Стара Градска, што ја прави логичен избор за инвестиции.

„Со минимални вложувања, можеме да постигнеме значителни подобрувања, а дел од методите што се применуваат во ‘8 Септември’ дури не се достапни во Клиничкиот центар. Покрај Онкологијата, се разгледуваат нови проекти, меѓу кои и развој на Нефрологијата“, изјави Клековски.

Останува прашањето дали оваа стратегија ќе биде доволна за да одговори на долгогодишните проблеми во здравствениот систем и дали одложувањето на изградбата на нов Клинички центар ќе значи трајно откажување од овој капитален проект.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мајката на Фросина: Душава ми гори од болка, морам да сум силна за да има правда за моето чедо и нема да се скршам

Следно

Уличен форум „зошто нашите градови се небезбедни“ – во недела во 12 часот ќе се затвори раскрсницата пред Зоолошката градина

Latest from Blog

Нови авиолинии, повеќе туризам, посилна трговија: Николоски и амбасадорот на Црна Гора за поблиски врски меѓу двете земји

Заменик претседателот на Владата и министерот за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете

Проданоски: Љубиша Јованоски ја презема директорската функција во „Комуналец“ – Прилеп

На чело на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ – Прилеп е именуван нов директор. Станува збор за Љубиша Јованоски, дипломиран економист, кој ја презема функцијата со јасна определба за воведување позитивни промени, зголемување

По една деценија, Прилепскиот дувачки оркестар повторно ја креира музичката сцена

По десет години пауза, повторно започна со работа еден од најпрепознатливите музички симболи на градот – Прилепскиот дувачки оркестар. Возобновувањето на оркестарот се реализира со почетна логистичка и финансиска поддршка од Општина

Плусинфо: Дивите реновирања во последната година главна причина за трагедијата во Кочани

Трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ секојдневно се разоткрива пред очите на јавноста, како комплексен мозаик од технички хаос и човечко страдање, каде секое ново рочиште дополнително ја зацврстува тезата дека вистинските причини
Go toTop