Владата ја тргна забраната за слетување на авионот на Сергеј Лавров во Скопје

November 24, 2023
1 min read

„360 степени“ неколкупати се обиде да стапи во контакт со прес-службата на Владата за да ја потврди оваа информација, но засега не добивме одговор

Владата ја тргна забраната за прелет и слетување на руски државни воздухоплови над и во земјава. Тоа било решено на денешната седница, дознава „360 степени“ од владини извори. Седницата се одржала во онлајн формат во претпладневните часови.

Тоа значи дека нема формална пречка за авион, во сопственост на руската држава, да слета на некој од аеродромите во Македонија. Одлуката, поточно измените на актуелните рестриктивни мерки за Руската Федерација воведени по агресијата на Украина, доаѓа во пресрет на Министерскиот совет на ОБСЕ, кој треба да се одржи од 29 ноември до 1 декември во Скопје.

Засега нема потврда дека ова значи и доаѓање на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на министерскиот состанок на ОБСЕ.

Сергеј Лавров за време на брифинг во Москва, јули 2023 г.

„360 степени“ неколкупати се обиде да стапи во контакт со прес-службата на Владата за да ја потврдиме информацијата и да добиеме официјално образложение, но засега нема одговор.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи, кој е и актуелен претседавач со ОБСЕ, во изминатиот период повеќепати повтори дека се надева дека сите земји членки на организацијата ќе бидат претставени на највисоко дипломатско ниво во Скопје.

Османи не криеше дека официјална Москва бара лично Лавров да ја предводи руската делегација на Министерскиот совет и дека процедурата за неговото доаѓање е почната, иако Русија е под санкции од ЕУ кои се поддржани и од Северна Македонија.

„Во санкциите се вели дека за меѓународни организации како што е ОБСЕ е дозволен прелет, сепак, одлуката е на земјите членки. Затоа нашите соседи ќе треба да одлучат, а и ние за нашиот воздушен простор“,

објаснуваше Османи во неодамнешното интервју за „360 степени“.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вештачката интелигенција добива дозвола за убиство?

Следно

Грковска: Криминалците се жилави во изигрување на законот и мора да работиме на минимизирање на просторот за маневри

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Адвокати на Заев вршеле притисок во СЈО – предметот „Пуч“, останал затворен

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) наместо како независнa институција, функционирало како партиски штаб на СДСМ, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста, повикувајќи се на изјави од поранешната обвинителка Лејла Кадриу. Според Кадриу,

Мисајловски на состанок на министри за одбрана на НАТО во Брисел

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска ќе учествува на состанокот на ниво на министри за одбрана на Северноатлантскиот совет на НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел. – Министерот Мисајловски заедно со

„Престанете да тропате на вратата на Кремљ“

Литванскиот претседател Гитанас Науседа апелираше до европските политичари да престанат да „тропаат на вратата на Кремљ“, сметајќи дека тоа ја ослабува позицијата на Европа. „Позицијата на Европа тешко може да се зајакне

Кенгур брутално претепа човек: Му се нафрли на кучето, а потоа ме удри по лицето (ВИДЕО)

Жртвата била однесена во болница со повреди кои, според медиумските извештаи, би можеле да бидат „споредливи со сериозни повреди од сообраќајна несреќа“. „Излезе како ракета“ Според Кол, кенгурот излегол од водата и
Go toTop