Владата донесе одлука за инфраструктурни проекти во вредност до 15 милијарди денари, одржана и тематска седница за програмите за работа

February 4, 2025
1 min read

Владата денеска одржа две седници, 47-та беше тематска седница наменета за програмите за работа на министерствата, агенциите и Јавните претпријатија за 2025 година како што се:

– програма за поддршка на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и средните претпријатија. Согласно Буџетот за програмски активности на Агенцијата предвидени се над 42 милиони денари, дел од средствата ќе бидат наменети за финансирање и кофинансирање на програмски активности, а еве и дел од нив се однесуваат на:

•     Претприемачко образование – биди претприемач или
•     Поддршка на женско претприемништво

– НАЦИОНАЛНА ПРОГРАМА ЗА РАЗВОЈ НА ЖЕЛЕЗНИЧКА ИНФРАСТРУКТУРА ЗА
ПЕРИОД ОД 2025 ДО 2029 ГОДИНА во која се вметнати мерливи индикатори за зголемување на товарниот превоз и намалување на времето на патување за патничките возови

– Тука е и програмата за инвестирање во животната средина,
– програма за рамномерен регионален развој за 2025 година како и
– програмите за развој на спортот и програма за субвенции од областа на спорот за 2025 година.

Донесени се и многу други програми за работа, очекуваме сите институции во деновите што следат соодветно да ја информираат и запознаат јавноста!

На втората, редовна 48 -ма седница на владата се разгледуваа следниве точки:

-Владата ја разгледа и усвои информацијата и за прв пат ќе се воведе нов семејно-ориентиран систем за рана интервенција во детството за деца од 0 до 6 години со доцнење во развојот и/или попреченост, а надлежноста за ова ќе припадне на Министеството за здравство, Министеството за социјална политика, демографија и млади и Министеството за образование и наука.

Следната недела, Министерство за локална самоуправа ќе го објави вториот повик за финансирање на инфраструктурни проекти во вредност до 15 милијарди денари. Ова е показател дека пред нас е градежен бум во сите општини, во сите региони на нашата земја.

И вториот повик, како и првиот, ќе поддржи проекти во областа на културата, спортот, животната средина, патната инфраструктура, социјалната политика и образованието. Ветивме развој на општините, тоа и го реализираме, велат од Владата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Медицински сестри бараат работа по бутици“ – Бешлиовска: Итно вработување со здравствено осигурување

Следно

Надал: Ништо не ми недостасува од времето кога бев тенисер

Latest from Blog

Комуналец – Прилеп: Дивите депонии околу гробиштата се отстранети

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп повторно апелира до граѓаните да не исфрлаат отпад околу оградниот ѕид на Старите градски гробишта. И покрај редовните молби и известувања, купишта отпад продолжуваат да се оставаат на

Бизнисменот Главчев пријавил тројца обвинители од СЈО – за барање поткуп

По окончување на судскиот случај „Поштенска банка“ во полза на обвинетите во 2024 година, како што пишува порталот ПлусИнфо еден од нив, гевгелискиот бизнисмен Томе Главчев, во јануари годинава, поднел кривична пријава против поранешните

„Марив“: Израел врши притисок врз САД за копнена операција врз Иран

Весникот наведува дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговите советници се за воена ескалација, оценувајќи оти евентуален договор во оваа фаза претставува „јасна победа на Иран“. Неименуван израелски безбедносен извор тврди дека
Go toTop