Влада: Усвоена е новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

June 17, 2025
1 min read

Со цел обезбедување услови и градење на институционални капацитети за спроведување финансиски истраги, конфискација на имот, поврат на имот и управување со конфискуваниот имот, Владата ја усвои Стратегијата за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот за периодот 2025-2028 со Акциски план, велат од Владата.

„Владата на Република Северна Македонија со овој документ ја потврдува својата определба за борба против организираниот криминал и корупција, стремејќи се преку системски пристап да се зајакнуваат надлежните институции за спроведување финансиски истраги што би резултирало со конфискација на нелегално стекнатиот имот.

И најдобриот стратешки документ е само парче хартија доколку нема резултати од имплементација на зацртаните цели и активности.

Оттука, го унапредуваме степенот на мониторинг, па покрај Националната комисија за финансиски истраги и конфискација на имот се воведува и Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот.“, стои во соопштението од Владата.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДУИ: ЕУ иднината на земјата е загрозена однапред

Следно

Победнички старт на Ивановски на челинџерот во Франција

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,
Go toTop