Влада: Авионот е користен согласно прописите, опозицијата шири хипокризија и сензационализам

February 17, 2026
1 min read

Владиниот авион е користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење, согласно Правилникот за условите и начинот на користење на истиот. Секое користење е евидентирано, документирано и предмет на институционална контрола, велат од Владата по прес-конференцијата на СДСМ.

Од Владата посочуваат дека ниту една активност не е надвор од утврдените процедури, ниту постои каква било форма на злоупотреба.

-Особено е симптоматично што опозицијата свесно ја игнорира хуманитарната и државничка димензија на користењето на авионот во ситуации од итен карактер. Јавноста добро знае дека истиот воздухоплов беше ставен во функција на спасување човечки животи, меѓу другото и при транспорт и координација на активности поврзани со повредените од трагичниот пожар во Кочани. Загрижува фактот што истата политичка структура која денес обвинува, во минатото го користеше владиниот авион за патувања кои останаа длабоко контроверзни во јавноста, вклучително и летови до Ниш, во тоа време од патувањата со владиниот авион гледавме фотографии и изјави со кои се манипулираше јавноста.

Денешните обиди за морализирање од страна на истите актери претставуваат класичен пример на политичка хипокризија. Кога беа на власт, ги уриваа стандардите на отчетност, ги злоупотребуваа службените ресурси до максимум, а никогаш не иницираа суштински реформи напротив, токму во нивниот период на владеење, јавноста беше сведок на безброј злоупотреби, велат од Владата.

Оттаму додаваат дека како институција остануваат цврсто посветени на принципите на законитост, отчетност и транспарентност.

-Секој надлежен орган има право и обврска да изврши увид и контрола, и ние немаме што да криеме. За разлика од политиката на сензационализам и конструирани афери, наш приоритет остануваат конкретните резултати, заштитата на јавниот интерес и унапредувањето на меѓународната позиција на државата, се нагласува во владиното соопштение.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Онкологија 2“: Планот за набавка на биолошка терапија не го носел стручен колегиум, недостигале и протоколи и упатства

Следно

Божиновска го зајакнува регионалното енергетско поврзување

Latest from Blog

Хилари Клинтон ја обвини администрацијата на Трамп за прикривање на досиејата на Епстин

Поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон ја обвини администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави за прикривање во врска со постапувањето кон документи што се однесуваат на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин.

„Онкологија 2“: Планот за набавка на биолошка терапија не го носел стручен колегиум, недостигале и протоколи и упатства

Слабости и неусогласености со законските прописи утврдила ревизијата на Клиниката за онкологија – изјави претставник од Државниот завод за ревизија, кој детаљно објасни како и зошто била извршена ревизијата на Универзитетската клиника

ЛШ: Нов чин од пресметката Бенфика – Реал, француска пресметка во Монако

Екипите кои не успеаја да обезбедат директен пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите, денеска ги почнуваат плеј-оф дуелите. Официјалната програма стартува со натпреварот меѓу Галатасарај и Јувентус во Истанбул во 18:45

Проданоски: Крај на застојот, Прилеп отвора простор за развој

Прилеп подготвува текстуални измени на Генералниот урбанистички план (ГУП) со цел да се овозможи континуитет во издавањето градежни дозволи и да се поттикне економскиот развој на градот. Со измените, на стариот ГУП
Go toTop