„Визија за напреден Пробиштип“ – Тоневски најавува капитални проекти и инвестиции

October 4, 2025
1 min read

„Визија за напреден Пробиштип“ – така го наслови своето обраќање кандидатот за градоначалник на Општина Пробиштип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Тоневски, на дебатата на Канал 77 во форматот „Стадион“ со неговиот противкандидат, актуелниот градоначалник од редовите на СДСМ, Драган Анастасов.

Тоневски ги претстави клучните приоритети за развој на општината во наредните четири години: „Нова урбанизација на Пробиштип, отварање на нови работни места, нови индустриски зони, привлекување на нови инвеститори, привлекување или задржување на младите тука, инвестиции во делот на образованието, во делот на спортот.“

Меѓу капиталните проекти што ги најави се изградба на градски базен, патот од Пробиштип до Пониква, како и развој на Пониква во туристички центар, кој според него „целосно е сопрен во изминатите осум години“. Дополнително, тој најави и активности за развој на Лесново како нова туристичка атракција.

Посебно внимание, како што посочи, ќе биде посветено на постарите лица. „Изградба на нов старечки дом кој ќе биде во зградата на интернатот, а овој Дом за Стари што Драган го зборуваше и ветува веќе два мандати, ќе биде вратен во Здравствениот дом и таму ќе работат младите специјалисти што ќе се вратат од специјализација,“ нагласи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Пробиштип.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проданоски најавува реконструкција на клучната улица „Александар Македонски“ во Прилеп

Следно

Манчестер Јунајтед потроши вистинско богатство отпуштајќи менаџери

Latest from Blog

Утре без вода дел од Центар

На 10 август, понеделник, дел од корисниците во Центар ќе останат без водоснабдување поради уличен дефект, информираат од ЈП „Водовод и канализација“. -Поради уличен дефект од ф – 80 мм на ул.

ВЛЕН со порака до ДУИ: Прво расчистете со Груби

Политичката партија ВЛЕН ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека преку критики за владините документи се обидува да го пренасочи вниманието на јавноста од случајот со поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.

Јамалов: Владата ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни инвестиции го развива туризмот и ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација, изјави Александар Јамалов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Развојот на туризмот е еден од стратешките
Go toTop