Виткоф: Тамп е изненаден зошто Иран сè уште не „капитулирал“ под притисокот од САД

February 22, 2026
1 min read

Претседателот на САД Доналд Трамп е изненаден зошто Иран сè уште не „капитулирал“ и не се согласил да ја ограничи својата нуклеарна програма, со оглед на тоа што Вашингтон акумулира огромни воени сили на Блискиот Исток, изјави специјалниот американски пратеник во преговорите со Техеран, Стив Виткоф во интервју за Фокс њуз.

– Не сакам да го користам зборот „фрустриран“ бидејќи тој разбира дека постојат многу алтернативи. Но, тој е љубопитен зошто не го сториле тоа… Не сакам да го користам зборот „капитулирале“… но зошто не капитулирале. Зошто со целиот овој притисок, со целата оваа поморска моќ таму, зошто не дојдоа кај нас и не ни кажаа: „Велиме дека не сакаме оружје, па еве што сме спремни да направиме? Сепак, е тешко да се натераат да го сторат тоа“, рече Виткоф.

Трамп распореди трупи на Блискиот Исток и нареди подготовки за напад врз Иран. Техеран, пак, се закани дека ќе возврати со напад врз американските бази во регионот.

Вашингтон сака Техеран да го предаде збогатениот ураниум, за кој Американците велат дека може да се користи за производство на атомска бомба, да ја запре поддршката за милитантните групи на Блискиот Исток и да ја ограничи својата ракетна програма.

Иран тврди дека неговата нуклеарна програма е мирнодобска и е подготвен да прифати некои ограничувања за неа во замена за укинување на финансиските санкции. Но, не сака да го поврзе тоа со други прашања како што се ракетната програма и поддршката за милитантните групи.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Минималната плата, инфлацијата и реалноста на македонското стопанство

Следно

Столе и Валенсија поведоа, но на крајот поразени од Виљареал

Latest from Blog

Трамп најави директни преговори со Иран во блиска иднина

„Тоа ќе се случи многу скоро“, пренесе „Њујорк пост“ изјава на Трамп од денешното телефонско интервју. Трамп појасни дека од американска страна во преговорите ќе учествуваат неговиот зет Џаред Кушнер и специјалниот

ЛШ: Атлетико слави на „Камп Ноу“, ПСЖ можеше и поубедливо против Ливерпул (ВИДЕО)

Европскиот шампион ПСЖ славеше со 2:0 против Ливерпул во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите. Вечерва во Париз имаше само еден тим, ПСЖ и вистинско чудо е како на овој натпревар
Go toTop