Високиот претставник на ЕУ, Борел, ја спореди Газа со Украина: „Не можете да ја прекинете водата на населението“

October 14, 2023
1 min read

ОВИЕДО (АА) – Високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешна и безбедносна политика, Жосеп Борел, ја спореди Газа со Украина и рече дека дел од воениот одговор на Израел го прекршува меѓународното право, пренесува Анадолу.

„Го кажавме тоа во Украина и го кажуваме за Газа: не можете да ја прекинете водата и сите комунални услуги за целото население“, изјави Борел за шпанскиот весник „Ел Паис“. „Мораме да продолжиме со притисокот и да инсистираме (Израел да го почитува меѓународното право).“

Изјавите на Борел доаѓаат еден ден откако претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, отпатува за Израел каде што се сретна со премиерот Бенјамин Нетанјаху и некритички ја вети поддршката на Европа за Израел.

Осудувајќи ги Хамас и милицијата за предизвикување ситуација за која е „невозможно е да се најдат мирни решенија“, Борел, инаку шпански политичар, направи дистинкции.

„Она што се случи не се случило долго време и емоциите се на високо ниво… Сега мора да се справиме со најитните нешта, тоа е ситуацијата во Газа и спречување на проширувањето на конфликтот“, додаде тој.

Во врска со предупредувањето на израелската армија за евакуација на населението од северна Газа, Борел рече дека е „целосно нереално“ да се бара 1 милион луѓе да ја евакуираат северна Газа за 24 часа.

„Нашата делегација таму добива информации од луѓето во засолништата и болниците каде повредените велат: „Како ќе заминеме, како да се движиме ако нема ни превоз?“

Иако конфликтот ги открива старите поделби во Европа, Борел рече дека „огромно мнозинство“ претставници на ЕУ на состанокот кој се одржа на почетокот на неделата биле против прекинување на помошта за Палестина.

Борел, исто така, рече дека по разговорот со „сите актери“ на граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет, инфраструктурата е многу оштетена од бомбардирањата. Но, нагласи, ако Израел престане да бомбардира, предвидува дека ќе може да се донесе хуманитарна помош во Газа и да се изврши селективна евакуација.

Високиот претставник на ЕУ рече дека целата оваа криза „покажува дека меѓународната заедница заборавила на палестинскиот проблем“.

„Израел … склучуваше мир со другите арапски земји, но ја стави Палестина настрана. Мора да се воспостави мир и меѓу Палестинците и Израелците. Ако ништо, ова нека послужи како итен повик до меѓународната заедница да се обиде да одговори на ова“.

Борел, кој штотуку ја заврши посетата на Кина, рече дека разговарал со кинескиот министер за надворешни работи и за израелско-палестинската ситуација.

„Кинескиот министер, како и другите од арапските земји, нагласи дека заборавивме на Палестинците. Тоа е така. Но, тоа не го оправдува она што го прави Хамас и секако не ѝ помага на палестинската кауза“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Пендаровски: На Западен Балкан не му е потребен политички симболизам, туку конкретна политичка одлука

Следно

Од задутре намалување на дневната температура за повеќе од десет степени

Latest from Blog

Министерството за спорт ќе ја поддржи јубилејната академија на ПК „Љуботен“

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со претставниците на Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово, кој годинава одбележува импресивен јубилеј – 100 години од своето формирање. ПК „Љуботен“ претставува најстар активен

„THE RED APPLE“ -Зохран Мамдани со срп и чекан на насловната на New York Times

На насловната страница на денешниот „Њујорк пост“ пишува: „Социјалистот Мамдани ја доби градоначалничката трка. Црвено јаболко“. Во позадина, Мамдани е прикажан како држи чекан и срп, додека на небото над облакодерите се

Бојан Бојковски е нов претседател на Советот на Општина Битола

На конститутивната седница на Советот на Општина Битола, за нов претседател беше избран Бојан Бојковски од ВМРО-ДПМНЕ. Седницата ја водеше највозрасната советничка Јагода Талевска од Движењето ЗНАМ, а Бојковски беше единствениот предложен
Go toTop