Висок американски дипломат ќе ја посети Анкара на разговори за Сирија

January 8, 2025
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот заменик-државен секретар Џон Бас ќе ја посети Анкара од 9 до 10 јануари на разговори со високи турски претставници за ситуацијата во Сирија и стабилноста на поширокиот регион, соопшти денес Стејт департментот, јавува Анадолу.

Бас ќе ја нагласи важноста на „мирна, инклузивна политичка транзиција во Сирија и политичка транзиција предводена само од Сирија“, во согласност со Резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на Обединетите нации, се вели од Стејт департментот.

Разговорите, исто така, ќе се осврнат и на спречувањето Сирија да се користи како база за тероризам и обезбедување траен пораз врз терористичката организација ДЕАШ.

Посетата се реализира во ситуација на долги несогласувања меѓу двата НАТО-сојузника во врска со поддршката на САД за СДФ (Сириски демократски сили) предводени од ЈПГ/ПКК.

САД ги сметаат СДФ за главен партнер во борбата против ДЕАШ во Сирија. СДФ е предводена од ЈПГ, сириски огранок на ПКК, која е ставена на листите на терористички организации од страна на САД и Туркије. Анкара го гледа присуството на ЈПГ/ПКК близу својата граница како директна закана за својата национална безбедност.

Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, неодамна постави остар ултиматум до ПКК/ЈПГ, барајќи терористичката организација да се разоружи и да се распушти. Вчера Фидан предупреди на потенцијална воена операција доколку не се придржува кон ултиматумот.

„Ултиматумот што им го дадовме е јасен. Го доставивме преку Американците и медиумите. Оние што се класифицирани како меѓународни терористички борци, кои доаѓаат од Туркије, Иран и Ирак, мора веднаш да заминат“, изјави Фидан во телевизиското интервју за Си-ен-ен Турк.

Лидерот на новата сириска администрација, Ахмед ал-Шара, исто така, ги повика сите вооружени групи постепено да се распуштат.

„Во никој случај нема да прифатиме некоја група да биде вооружена, без разлика дали е во области под наша контрола или во оние под контрола на ЈПГ/ПКК. Наша цел е да преземеме целосна контрола над целото оружје низ цела земја“, рече тој на заедничката прес-конференција со Фидан на 22 декември во Дамаск.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општина Тетово вели дека ги казнува загадувачите – НВО бараат да се вклучат и институциите на централната власт

Следно

Намалена видливост на патот од Тетово до село Гајре

Latest from Blog

Путин му честита на Ким, повикува на зајакнување на стратешкото партнерство со Северна Кореја

„Секако, ќе продолжиме со нашата тесна заедничка работа насочена кон зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг“, рече Путин во пораката објавена од Кремљ, уверувајќи дека „ова несомнено одговара на фундаменталните

Општина Битола: Подобра инфраструктура за жителите на „Леринска“ и „Христо Узунов“

Во Општина Битола во тек се градежни активности за реконструкција на дел од коловозот на улиците „Леринска“ и „Христо Узунов“. Моментално, јавното претпријатие „Нискоградба“ работи на изведба на мешовита канализациска мрежа, која

Вајц го вклучи АЛАРМОТ во Софија, шовинистички БГНЕС во уплав навредува без исав

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Најзагрижениот за бугарската кауза е инструираниот БГНЕС (читај најнационал-шовинистички настроен) „медиум“ кој објави подолга националистички

Омерагиќ ги отвора вратите: навивачите ќе бидат дел од тренингот пред натпреварот со Данска

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот
Go toTop