Screenshot

Виноскоп 2026: Јубилејно 15-то издание од 13 до 17 мај на Школка

April 23, 2026
1 min read

Препознатливиот градски фестивал Виноскоп годинава се враќа со јубилејното 15-то издание, со амбиција и оваа пролет повторно да биде едно од клучните градски случувања. Винската приказна од 13 до 17 мај 2026 година во градски парк на Школка повторно ќе ги обедини љубителите на доброто вино, музиката и урбаната култура, носејќи нова енергија и уште побогата програма.

Во текот на изминатите години, Виноскоп прерасна во препознатлив градски фестивал кој ја слави винската традиција, но и модерниот начин на уживање во животот. И ова издание ќе понуди внимателно селектирана понуда на вина, гастрономски деликатеси и музичка програма што ќе создаде уникатна атмосфера за посетителите.

Покрај дегустациите и дружењето, Виноскоп останува простор за поврзување, размена на искуства и уживање во урбаниот дух на градот. Посетителите ќе имаат можност да откријат нови вкусови, да уживаат во добро познати етикети и да бидат дел од едно поинакво фестивалско доживување.

Организаторите најавуваат дека наскоро ќе бидат објавени повеќе детали за програмата и учесниците, а публиката ќе ја забавуваат звучни имиња од македонската естрада.

Дел од фестивалската понуда ќе бидат и бројни винарии од целата земја, кои ќе понудат избрана селекција на квалитетни вина и автентични вински вкусови.

Виноскоп 2026 ветува уште едно незаборавно издание – место каде виното, музиката и доброто расположение се спојуваат во едно.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ndalohet një person në Strugë, kapet me lëndë narkotike

Следно

Божиновска на Економскиот форум во Делфи: Јасна стратегија за сигурна енергетска иднина

Latest from Blog

Тоневски: Инвестираме во подобри услови за учениците и спортот во Пробиштип

Општина Пробиштип ќе реализира значајна инвестиција во СОУ „Наум Наумовски-Борче“, со која ќе се подобрат условите за учениците и наставниот кадар, како и спортската инфраструктура во училиштето. Како што информира градоначалникот на

Ким Џонг Ун испрати порака до Путин: Цврсто стоиме покрај вас во светата војна против Украина

Вчера, Ким испрати одговор на честитката од Путин по повод 78-годишнината од основањето на Северна Кореја. Притоа, тој ја истакна цврстата решеност на Пјонгјанг да развива сеопфатна соработка со Русија, заснована на

Музика, улични изведби, базар и детски работилници на „Звуците на културата во Ѓорче 2026“

Во рамките на „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“, продолжува манифестацијата „Звуците на културата во Ѓорче 2026“, која носи програма наменета за посетители од различни генерации. „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“

(ВИДЕО) Тоневски: Инвестираме во подобри услови за спорт во Пробиштип

Општина Пробиштип и Центарот за развој на Источниот плански регион потпишаа договор за реконструкција на ракометното игралиште во градот. Според првичните информации, проектот предвидува целосно обновување на постојниот спортски терен, кој треба
Go toTop