Вилијамс: Одбив понуди од многу клубови, среќен сум во Атлетик

September 1, 2024
1 min read

Фудбалерот на Атлетико и шпански репрезентативец Нико Вилијамс изјави дека во летниот преоден рок одбил понуди од бројни клубови бидејќи е среќен во тимот од Билбао.

Вилијамс (22) е член на Атлетик од 2020 година, а за првиот тим на овој клуб одигра 124 натпревари и постигна 20 голови.

Во јули со селекцијата на Шпанија триумфираше на Европското првенство кое се одржа во Германија.

-Имаше понуди од бројни клубови, мојот менаџер ги разгледуваше. Моето срце е со Атлетик. Имам договор, но кој знае што ќе се случи во иднина. Сакав да останам овде, бидејќи најмногу се радувам на натпреварите во Лига Европа во дресот на мојот клуб“, изјави Вилијамс.

Тој има договор со Атлетико до 30 јуни 2027 година.

-Убаво е да знаеш дека големите клубови имаат интерес за тебе. Сепак, на сите им кажав дека сакам да останам овде. Атлетик, тоа посебно чувство, не можеш да го добиеш во други клубови. Среќен сум што ќе му помогнам на клубот, заклучи шпанскиот репрезентативец.

Атлетик во Лигата на Европа ќе игра против Рома, АЗ Алкмар, Славија, Лудогорец, Елфсборг, Фенербахче, Бешикташ и Викторија Плзен.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Три жени се најдобро дипломирани студенти на медицинските факултети во Македонија во 2024 година

Следно

ЦУК: Се гасне пожарот во велешкото село Карабуниште

Latest from Blog

Започнува чистењето на Скопје, Меџити: Ова е почеток на едно ново поглавје за Скопје

По неколку тешки недели, кога Скопје беше преплавено со отпад поради блокади и негрижа, градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, заедно со премиерот Христјан Мицкоски и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва излегоа
Go toTop