Викенд за чист Прилеп: Еко акција на ЈКП “Комуналец” за почист град

February 24, 2026
1 min read

Викендов, еко активисти од населбата Тризла заедно со ЈКП Комуналец – Прилеп реализираа симболична акција за чистење, со цел да поттикнат свест кај граѓаните за одржување на чиста животна средина.

Граѓаните беа повикани да не фрлаат отпад насекаде, туку да го собираат во канти за отпад, додека Комуналец е задолжен да го подигне отпадот од домовите, без разлика на количината.

За полесно собирање на отпадот, во населбата беа поставени контејнери од 5м³. Организаторите најавуваат дека акцијата ќе продолжи и во наредните викенди, во соработка со локалните жители, со цел Тризла да остане чиста и уредна.

ЈКП Комуналец – Прилеп истакнува дека грижата за животната средина е задача на сите граѓани и дека секој отпад има своето место.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нема веќе да има симулирање на повреди: ФИФА воведува ново правило!

Следно

Земјотрес почувствуван во Македонија, епицентарот во Албанија

Latest from Blog

Такер Карлсон: ЕДНА ЗАСТРАШУВАЧКА МОЖНОСТ ГО ДРЖИ ТРАМП БУДЕН НОЌЕ

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера ги нападна Такер Карлсон, Мегин Кели, Кандис Овенс и Алекс Џонс, кои го нападнаа откако се закани дека „целата цивилизација ќе умре“. „Знам зошто Такер Карлсон, Мегин
Go toTop