Видеолотарија го слави успехот на Јана Атанасовска, Македонката која ја пишува историјата за нашата земја во алпско скијање

March 27, 2025
2 mins read

Видеолотарија Касинос Австрија го слави успехот на Јана Атанасовска- прва ФИС победа.

Верувајќи во нејзиниот потенцијал, со гордост споделуваме дека и ја дадовме нашата безрезервна поддршка, овозможувајќи и да ја запише Македонија во историјата на алпското скијање. Благодарна сум што Видеолотарија Касинос Аустриа го препозна мојот талент и посветеност и одлучи да ми даде несебична поддршка и доверба на мојот спортски пат. Нивната поддршка ми дава можност да ги имам потребните професионални услови за работа и ми дава мотивација за создаваме уште поголеми успеси, изјави Атанасовска.

Јана ја направи Македонија горда. Видеолотарија Касинос Австрија како спонзор на Јана Атанасовска се радува и се гордее на нејзиниот историски успех. Со задоволство споделуваме дека нашата млада и талентирана скијачка, стигна до својата прва ФИС победа. Ова е победа за Јана и за Македонија. Нејзиниот успех е историска пресвртница во македонското алпско скијање.

Јана Атанасовска со овој резултат стана прва македонска алпска скијачка – и во машка и во женска конкуренција. Досега никој од Македонија, не успеал да постигне вакви резултати на меѓународната сцена. Јана Атанасовска ќе биде меѓу најдобрите 15 скијачки во светот од генерацијата 2006 и ќе се најде во топ 200 на светската ФИС ранг-листа, што е историски успех за македонското алпско скијање.

Напорната работа секогаш се исплаќа! Горда сум што овие резултати влегоа во историјата наn македонското алпско скијање. Ова е само почеток. Пресреќна сум за постигнатите резултати и би била нескромна ако кажам дека не ги очекував и порано во сезоната. Во текот на оваа сезона имав одлични штопинзи на тренинзите во споредба со некои од светските скијачки, но, некако на трките ми недостасуваше некој клик, за да спојам две добри возења. Како што поминуваше сезоната, мислам дека успеав да направам симбиоза на мојот агресивен темперамент и тактичкото возење. Тоа го работевме последните триесетина дена и ја пронајдовме формулата за успех. Среќна сум што докажав дека и натпреварувач од мала држава како нашата, со труд, работа и посветеност може да се носи рамо до рамо со големите скијачки нации, изјави Јана Атанасовска. Се надевам дека со ова барем малку ќе им помогнам на сите млади спортисти да веруваат во својата спортска приказна. Би сакала да истакнам дека за врвни резултати се потребни професионални услови за работа, додава Јана.

Благодарна сум што Видеолотарија Касинос Аустриа го препозна мојот талент и посветеност и одлучи да ми даде несебична поддршка и доверба на мојот спортски пат. Нивната поддршка ми дава можност да ги имам потребните професионални услови за работа и ми дава мотивација за создаваме уште поголеми успеси, изјави Атанасовска.

„Не можам да бидам погорд на нашата натпреварувачка Јана! Ова беа извонредни трки, во кои покажа огромна посветеност, техничка прецизност и одлучност. Знаевме дека имаме потенцијал за врвен резултат, но сега таа го потврди тоа на најдобар можен начин – со победа.

Подготовките беа интензивни, работевме на секој детал, а оваа победа е резултат на напорната работа и дисциплината што ја покажува секој ден. Ова е само почеток – продолжуваме со уште поголема мотивација кон нови предизвици и успеси. Постигнувањето на овие рекордни 25.02 ФИС точки за наредната сезона ни обезбедуваат подобар стартен број и можност за остварување на уште поголеми резултати, изјави Александар Атанасовски – Чаве, претседателот на клубот на Јана-АСК СКАДИ Скопје.

Со ова спонзорство, Видеолотарија Касинос Австрија ја поттикнува кариерата на една од нашите најталентирани скијачи, а едновремено, го поддржува и развојот на македонскиот скијачки спорт. Ние сме горди што можеме да бидеме дел од нејзината патека кон успехот.

Уверени сме дека нејзината посветеност и труд ќе донесат големи успеси како за на, така и за Македонија.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Д-р Аргирова од Софија: Луѓе од нашиот персонал ги прекинаа одморите за да помогнат на настраданите од Кочани

Следно

Резерватот Налихан во Анкара засолниште за различни видови птици

Latest from Blog

На Куба почнаа со обнова на електромрежата

Електроенергетската мрежа остана во дефект во саботата навечер откако голема електрана во Нуевитас, во источната кубанска покраина Камагуеј, престана да работи, соопшти операторот на мрежата UNE. Тоа предизвика каскаден ефект што остави

Божиновска: Снабдувањето со гориво е во одлична кондиција и во земјата има доволно деривати

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска изјави дека снабдувањето со горива е во одлична кондиција и во земјата има доволно деривати. – Ние го следиме сето тоа. Засега снабдувањето

Омерагиќ: Инвестицијата на Пандев отвора нови можности за младите фудбалери во Македонија

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, оцени дека инвестицијата на Горан Пандев во модерен спортски центар во Струмица претставува значаен исчекор за развојот на младинскиот фудбал во земјава. Според него, новите услови овозможуваат

Омерагиќ: Инвестицијата на Пандев во Струмица донесе европски услови за младите фудбалери (ВИДЕО)

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, оцени дека инвестицијата на Горан Пандев во модерен спортски центар во Струмица претставува значаен исчекор за развојот на младинскиот фудбал во земјава. Според него, новите услови овозможуваат
Go toTop