(ВИДЕО) Возило експлодира на мостот меѓу САД и Канада, ФБИ го истражува случајот

November 22, 2023
1 min read

Возилото се обидувало да влезе во САД кога експлодирало. Сите гранични премини во моментов се затворени до понатамошно известување, велат властите

Возило експлодира на мост што ги поврзува САД и Канада во близина на Нијагарините водопади, објави ФБИ, пренесува Би-би-си. Инцидентот се случил на мостот „Виножито“ еден ден пред Денот на благодарноста во САД, еден од најпрометните денови во годината.

„Бидејќи оваа ситуација е променлива, ова е сè што можеме да кажеме во овој момент“,

се вели во соопштението на ФБИ.

Возилото се обидувало да влезе во САД кога експлодирало. Сите гранични премини во моментов се затворени до понатамошно известување, велат властите.

Сè уште не е позната причината за експлозијата, како и дали има загинати или повредени.

Гувернерката на Њујорк, Кети Хочул, исто така го потврди инцидентот.

„Владините агенции се на лице место и подготвени да помогнат“,

објави таа на социјалната мрежа X.

„Ние навистина не знаеме премногу – само дека имаше едно возило што се обидуваше да влезе во САД и тие ги затворија двете страни на мостот“,

изјави за Си-ен-ен Арон Фергусон, службеник за јавни информации за градот Нијагарини водопади.

Во соопштението на X, ФБИ напиша:

„Теренската канцеларија на ФБИ Бафало истражува експлозија на возило на мостот ‘Виножито’, граничниот премин САД–Канада кај Нијагарините водопади. ФБИ координира со локални, државни и федерални партнери за спроведување на законот во оваа истрага. Oваа ситуација е многу променлива, тоа е сè што можеме да кажеме во овој момент“.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Османи: Излегувањето на АА од Владата е неважно!

Следно

Mицкоски со честитка за Денот на албанската азбука

Latest from Blog

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение
Go toTop