ВИДЕО: Воз излета од шините во забавен парк во Британија, повредени 13 деца

August 14, 2025
1 min read

Неколку деца беа повредени откако ролеркостер излета од шините во крајбрежен забавен парк во Велика Британија. Службите за итни случаи пристигнаа во паркот за забава „Кони Бич“ во Порткол, Велс, вчера вечерта откако сведоци пријавија дека атракцијата „Ваки Ворм“ излетала од шините кратко пред 18 часот, објави британскиот таблоид „Сан“ .

Полицијата соопшти дека повредени се 13 деца и еден возрасен, а некои морале да побараат медицинска помош.

Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат возрасни како им помагаат на децата да излезат од возилото. Сведоците велат дека некои од децата имале крв по несреќата. Според извештаите, еден од вагоните останал да виси во воздух, надвор од шините.

„Бевме повикани во забавниот парк Кони Бич во Порткол околу 17:50 часот по несреќа на едно од вoвчињата. Моментално можеме да потврдиме дека 13 деца и еден возрасен се здобиле со полесни повреди. На некои им е потребна болничка нега. Забавниот парк ќе остане затворен утре додека полицијата и инспекторите за здравје и безбедност спроведуваат истрага“, соопшти полицијата.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Рударството во Македонија: „тивкиот“ извозен мотор на кој традиционално се потпира економијата

Следно

„Обезбедени 170 милиони денари субвенции за инвертер клими за ранливите категории, Владата води грижа за секој еден граѓанин“

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop