(ВИДЕО) Во немири во Берлин повредени 15 полицајци, уапсени над 300 лица

January 1, 2024
1 min read

Немирите се случиле пред Црвеното градско собрание на Александарплац кое станало место на меѓусебен конфликт. Околу 500 луѓе, претежно млади, меѓусебно се нападнале со петарди и ракети, кои ги испукувале директно во спротивната толпа

ФОТО: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Најмалку 15 полицајци се повредени во напади со пиротехнички средства низ Берлин, а околу 300 лица се уапсени, по немирите за време на новогодишната ноќ, пренесува германскиот весник „Билд“. Во смирувањето на ситуацијата биле вклучени над 4 000 полицајци.

Немирите се случиле пред Црвеното градско собрание на Александарплац кое станало место на меѓусебен конфликт. Околу 500 луѓе, претежно млади, меѓусебно се нападнале со петарди и ракети, кои ги испукувале директно во спротивната толпа.

Нападнати биле и полицајци, а евидентирани се и неколку апсења. Полицијата ја растерала групата кај познатата фонтана Нептун и почнала да проверува во чија сопственост е огнометот, по што група од 200 луѓе почнале да пукаат со пиротехнички средства кон полицијата.

Немири избувнале и во Лихтенраде, јужно предградие на Берлин.

Полициските службеници на самото место успеале да легитимираат 18 лица и кај нив пронашле нелегални пиротехнички средства.

Инаку, токму во Лихтенраде на минатогодишната ноќ се случија најжестоките немири.

Околу 2 часот по полноќ било погодено возило на Брза помош од пиротехничко средство, но се поминало без поголеми последици. Исто така, во Нојкелн, полицијата пронашла гајба полна со молотови коктели подготвени за употреба.

Под полициска заштита, пожарникарите од Берлин изгаснале пожар во пензионерски дом во Нојкелн каде наводно, ракетата влетала низ прозорецот. Спасувачите го извадиле жителот завиткан во термо ќебиња од зградата и им укажале помош на повредените кои го проголтале чадот.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелската војска: Од 27 октомври досега во „операциски несреќи“ во Газа загинаа 29 војници

Следно

ЦУК: Зголемен број повици на 112, годината почна со гаснење пожар и спасување неподвижно лице

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев
Go toTop