(ВИДЕО) Владата е блиску до договор за раст на платите во јавниот сектор со синдикатите, вели Фатмир Бесими

July 8, 2023
1 min read

Извесно е воведувањето на пресметка на плата која ќе биде врзна со просечната плата во земјата и со коефициент на сложеност во различни државни служби. Моделот веројатно би почнал да важи од март 2025 година

До тогаш, се очекува да има и друго покачувања на платите во јавниот сектор, но министерот Фатмир Бесими не сакаше да открие детали во интервју за МИА, пред да се постигне целосен договор

Покачувањето на плататата на вработените во јавниот во сектор во иднина веројатно ќе пресметува според просечната плата и инфлацијата во земјата, односно слично на начинот на кој сега се пресметува зголемувањето на пензиите. Ова, во интервју за МИА, го изјави министерот за финасии, Фатмир Бесими, говорејќи за текот на преговорите со синдикатите за покачувањето на платите во јавниот сектор.

Фатмир Бесими, министер за финансии во интервју за МИА, фото: принтскрин

„Барањата на синдикатите беа да се користи модел на коефициенти со просечната плата. Бевме отворени и флексибилни уште од почетокот да го прифаќаме тоа што беше предлог на синдикатите. Тоа што во оваа фаза беше комуницирано и од нивна страна, мислам дека е дефинирано е коефициентот да се воведе како нов модел и секако размислувањата за механизмот кој ќе ја дефинира динамиката на платите да биде поврзана со просечната бруто плата. Со ова се создава солидна платформа во иднина економско-социјалниот дијалог да биде уште поквалитетен, потранспарентен и ќе имаме системско решение“

вели Бесими.

Во пракса, тоа значи дека за различни јавни служби ќе се утврди различен коефициент на сложеност, а во формулата за пресметка ќе се зема во предвид просечната плата и/или инфлацијата. Така, платите континуирано ќе растат секоја година, во зависност со растот на платите и трошоците во целата економија.

Но и да се постигне договор сега, моделот би требало да почне да важи од 2025 година. Но и во меѓувреме ќе има првично покачување кое се договара.

Фатмир Бесими, министер за финансии, фото: принтскрин

Тој модел би требало, доколку се согласиме, да стапи на сила од март 2025 година. Значи сега ќе се воведе измената, но пресметките за тоа ќе бидат во март, а во меѓувреме ќе има транзициски период за оваа година до март 2025 како ќе оди динамиката на порастот на платите. Значи ќе има раст сега откако ќе се договориме. Ќе видиме кога тоа би се реализирало 2023-24 како транзицијата ќе тече… Потоа во зависност од институциите внатре, дали се медиуми, агенции, министерства, здравство.. ќе имаат свои коефициенти по области. Во зависност од спецификите и приоритетите, така ќе се утврдува“,

вели Бесими.

Во интервјуто, Бесими доби прашање за став по барањето на синдикатите – платите на функционерите да се вратат на нивото пред одлуката на Уставниот суд. За потсетување, Уставниот суд укина два члена од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица, со што платите на функционерите пораснаа наеднаш за 78% бидејќи со години беа замрзнати. Бесими одговори, тој лично бил против укинувањето на тие членови, но Владата во принцип не коментирала одлуки на Уставниот суд.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Елмас е десетпати подобар од Фратези, но е потценет затоа што игра во Наполи“

Следно

САД на Украина ќе ѝ испратат касетни бомби

Latest from Blog

Луксузен хотел во Кран-Монтана затворен поради пропусти во противпожарната заштита

Швајцарските власти донесоа одлука да затворат луксузен хотел со пет ѕвезди во ски-центарот Кран-Монтана, откако биле утврдени сериозни проблеми со противпожарната безбедност. Одлуката следува само неколку недели по трагичниот пожар во бар

„Илинден“-Тирана 17 години глас на Македонците во Република Албанија

На 6 февруари 2009 година беше формирано Македонското друштво “Илинден”-Тирана, а оваа година се навршуваат 17 години од неговото постоење и работа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана е регистрирано во Основниот суд во Тирана,

ВИДЕО: Колона со камиони од синоќешната полициска акција од заплената на десетици тони марихуана

Десетина комбиња, пет камиони, возила на полицијата и царината вчера попладнево влегоа во просториите на поранешната фабрика ОХИС, каде што од вчеравечер се спроведува полициската акција која е поврзана со 5-те тони

На Зимските олимписки игри ќе нема агенти на ICE- заканите со протести ги одвратија

Ниту еден агент на американската Служба за имиграција и царинска контрола (ICE) не ја обезбедува американската олимписка делегација на Зимските олимписки игри Милано-Кортина, изјави денес за новинарите висок безбедносен службеник на Олимпискиот

На чичко Драги од Рекорд му е потребна помош: Го чекаат две операции, се наоѓа во болница

Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дре­бу­лии на својата тезга кај „Рекорд. По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко
Go toTop