(ВИДЕО) Вечерва во 360° на МРТ 1: Интервјуа со Максим Димитриевски и Изет Меџити

October 16, 2023
1 min read

Новото издание на емисијата „360 степени”, во кое гостуваат идејниот творец на политичкиот субјект во најава Движење ЗНАМ – за наша Македонија и лидерот на партијата Демократско движење, се емитува вечерва (16 октомври 2023 г.) од 20:15 часот на МРТ 1

Во ова издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1 донесуваме интервјуа со Максим Димитриевски и Изет Меџити. Со градоначалникот на Куманово и идеен творец на новиот политички субјект во земјава – Движење ЗНАМ – за наша Македонија, кое се формира по неговото разидување со СДСМ, разговараме за тоа кои му се (први) соработници во партијата, за односот кон Преспанскиот договор, Преговарачката рамка и релациите со Бугарија, кој го ослободи Куманово во 1944 година, идеолошкото профилирање на новиот ентитет, неговиот став за правата на ЛГБТИ-луѓето…

Со чаирчанецот Изет Меџити, пратеник во Собранието и претседател на новоформираното Демократско движење, со кое се обидува да ја предизвика својата довчерашна партија, зборуваме за силата на обединетата опозиција кај Албанците наспроти ДУИ, односот кон темата за уставните измени (како услов за евентуална соработка со ВМРО-ДПМНЕ или со СДСМ по изборите), за наводите за негови бизнис-врски и влијанија, за тоа дали има (зло)употреба на стари архивски броеви за легализирање нови дивоградби во Чаир, за војната меѓу Израел и Хамас, верската радикализација на одредени структури во земјава…

Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Три промоции на словенечкото издание на романот „Скриени желби, немирни патување“ на писателот Владимир Јанковски

Следно

Во близина на Алјаска е регистриран земјотрес со јачина од 6,4 степени

Latest from Blog

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop