(ВИДЕО) Вечерва во 360° на МРТ 1: Интервју со Оливер Спасовски за личните амбиции, односот кон Максим Димитриевски, случаите на корупција…

October 9, 2023
1 min read

Новото издание на емисијата „360 степени”, во кое гостува министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, се емитува вечерва (9 октомври 2023 г.) од 20:15 часот на МРТ 1

Со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски разговараме на теми од политиката и од сферата на надлежностите на ресорот со кој раководи. Јавните наводи за негови амбиции да биде кандидат за шеф на државата, односите во СДСМ и неговите релации со Ковачевски и Заев, стратешкиот тим, ставот за Максим Димитриевски, опциите за заеднички изборни листи со ДУИ и Алијанса за Албанците или за влада на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ по изборите, измените во Кривичниот законик, кокетирањето со Груевски – се дел од политичките теми што ги отвораме во интервјуто со Спасовски. Разговараме и за динамиката на замена на личните документи поради обврските од Преспанскиот договор, случајот „Онкологија“, случајот со двете габаритни дивоградби на Пластичарска во Скопје, засиленото полициско присуство во Центар и Аеродром, борбата со нелегалната трговија со дрога, фентанил…

Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Што и да се случи во оваа рунда од Израел-Газа војната, ние веќе изгубивме

Следно

Османи-Мередов: Соработката меѓу Центарот на ОБСЕ во Ашгабат со државните институции носи директен бенефит за луѓето во Туркменистан

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop