(ВИДЕО) Украина: Од излевањето на водата од уништената брана загрозени 16 000 луѓе

June 6, 2023
1 min read

Околу 16 000 луѓе се наоѓаат во критичната зона во регионот Херсон на десниот брег на реката Днепар. Возовите за евакуација ќе ги однесат луѓето од Херсон на безбедно, пишува Герашченко

По уништувањето на браната Нова Каховка во областа Херсон на југот на Украина, Антон Герашченко, поранешен министер и актуелен советник во украинското Министерство за внатрешни работи, на социјалните мрежи објави дека околу 16 000 луѓе би можеле да бидат погодени од поплавата.

Герашченко објави видео за кое тврди дека покажува поплавено населено место.

„Околу 16 000 луѓе се наоѓаат во критичната зона во регионот Херсон на десниот брег на реката Днепар. Возовите за евакуација ќе ги однесат луѓето од Херсон на безбедно“,

пишува Герашченко.

Тимофиј Милованов, поранешен министер и претседател на Киевската школа за економија, вели дека врвот на бранот може да се очекува околу 11 часот по локално време.

Украинскиот гувернер на Херсонската Област, Олександр Прокудин, објави видео на Телеграм во кое вели дека како резултат на оштетувањето на браната Нова Каховка „водата ќе достигне критично ниво за пет часа“ и дека евакуацијата е започната.

Како што информира Олександр Прокудин, локалните жители веќе почнале да се евакуираат од опасните подрачја. Тој потврди дека Русите ја демолирале Каховка и ги повика што поскоро да ги напуштат опасните места.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Големи шумски пожари ја зафатија Канада, евакуирани 26.000 луѓе

Следно

Таткото на Меси: Не верувам дека Лео ќе се врати во Барса

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop