Сметаме дека сите три инциденти се поврзани и дека лицето кое го има тоа сторено е во притвор. Оваа истрага е во рана фаза и тим детективи работи на утврдување што точно се случило, вели началникот на полицијата
Три лица се пронајдени мртви во централниот англиски град Нотингем, а 31-годишен маж е уапсен под сомнение за убиство, соопшти британската полиција.
Од полицијата информираат дека нешто по 4 часот наутро биле повикани на една улица во Нотингем каде две лица биле пронајдени мртви на патот во центарот на градот. Подоцна уште еден маж бил пронајден мртов на друг пат пред центарот на градот.
Полицијата била повикана и за друг инцидент кој се случил ндвор од градот, а во кој комбе се обидело да прегази три лица. Повредените лица се пренесени на лекување во болница.
BREAKING: ‘Major incident’ in Nottingham as police close roads
Officers and other emergency services at several locations are dealing with an “ongoing serious incident”, according to Nottinghamshire police.https://t.co/DgvS4xeCCJ
📺 Sky 501, Virgin 602 and YouTube pic.twitter.com/DqIJA24k1S
— Sky News (@SkyNews) June 13, 2023
Началникот на тамошната полиција Кејт Мејнел изјави дека се работи за страшен инцидент кој однел животи на три лица.
„Сметаме дека сите три инциденти се поврзани и дека лицето кое го има тоа сторено е во притвор. Оваа истрага е во рана фаза и тим детективи работи на утврдување што точно се случило. Ги молиме граѓаните за трпение додека траат истрагите. Досега многу патишта во градот се затворени и ќе останат затворени додека трае истрагата“,
рече таа.
Полицијата информираше дека е отворена посебна телефонска линија и апелираат за сведоци. На Твитер тие побара од сите кои имаат информации за инцидентот утринава да се јават на 0800 0961011.
Британскиот премиер Риши Сунак изјави дека бил шокиран од инцидентот во Нотингем и дека неговите мисли се со повредените и со семејствата и најблиските на оние кои ги загубија животите.
„Сакам да им се заблагодарам на полицијата и итните служби за нивниот одговор на шокантниот инцидент во Нотингем утринава. Добивам известувања за развојот на настаните. На полицијата мора да и се даде време да си ја заврши работата“,
рече тој.
I want to thank the police and emergency services for their ongoing response to the shocking incident in Nottingham this morning.
I am being kept updated on developments. The police must be given the time to undertake their work.
My thoughts are with those injured, and the…
— Rishi Sunak (@RishiSunak) June 13, 2023
Извор: 360stepeni.mk