(ВИДЕО) Трамп пристигна во судот во Мајами, се изјасни за невин по сите обвиненија

June 13, 2023
1 min read

Сослушувањето беше затворено за камери и пренос во живо

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп пристигна пред судот во Мајами за да се соочи со федералните обвиненија. Тој повторно беше официјално уапсен.

Тој е обвинет за незаконско задржување доверливи документи и лажење на службениците кои се обиделе да ги вратат, но Трамп тврди дека е невин и вети дека ќе продолжи со кампањата за изборите во ноември 2024 година.

Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Трамп во судницата пред американскиот судија Џонатан Гудман се изјасни за невин по сите обвиненија, јавува Си-ен-ен.

Сослушувањето беше затворено за камери и пренос во живо.

Алина Хаба, адвокатка и портпаролка на Доналд Трамп, застана во одбрана на поранешниот американски претседател пред судот во Мајами.

„Одлуката да се обвини Трамп и да се затворат очите пред другите е симболична за корупцијата што ја имаме овде“,

рече Хаба, повторувајќи ги тврдењата на Трамп дека обвиненијата се политички мотивирани.

„Ние сме на пресвртница во историјата на нашата нација. Ова е насочено гонење“,

рече таа.

Иако Хаба е адвокатка на Трамп, таа не го застапува во овој случај.

Трамп е првиот поранешен или сегашен претседател кој се соочува со кривични пријави, но правните експерти велат дека тоа не го спречува да се кандидира за функција или да ја преземе функцијата претседател дури и ако е осуден.

Обвинението се состои од 37 точки (кривични дела). Станува збор за документи што Трамп ги чувал на својот приватен имот на Флорида каде што дел од нив биле и во салата за бал и во бањата.

Доверливите документи што ги чувал тој се однесувале на: нуклеарните програми на САД, одбранбените и вооружени способности, потенцијалните слабости на САД и сојузниците при евентуален воен напад и планови за евентуална одмазда како одговор на напад од странски сили.

Трамп претходно беше обвинет и од Окружното обвинителство на Менхетн за фалсификување деловни документи во врска со пари платени на порноѕвезда во замена за молчење за аферата пред претседателската трка во 2016 година.

Трамп чувал доверливи документи на САД во бањата и салата за бал на неговиот имот во Флорида

Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САД одобри нов пакет воена помош за Украина вреден 325 милиони долари

Следно

Путин: Москва размислува за суспендирање на Договорот за извоз на украинското жито

Latest from Blog

Општина Битола со признание „Младински пријателски град“ за 2026 година

Општина Битола е добитник на националното признание „Младински пријателски град“ за Пелагонискиот регион за 2026 година, со што е потврдена нејзината посветеност на унапредувањето на младинските политики и создавањето подобри услови за

Тоневски: Пробиштип продолжува со вложувања во комуналната инфраструктура

Во населбата Драч во селото Ратавица се изведуваат градежни работи за изградба на два канализациски крака, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот се финансира со средства од Министерството за транспорт,

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во
Go toTop