(ВИДЕО) СЗО и ОЦХА: Во болницата „Ал Акса“ владее тотален масакр, луѓе и деца умираат чекајќи помош

December 26, 2023
1 min read

Генералниот секретар на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус на платформата „Икс“ напиша дека тимот на СЗО слушнал застрашувачки извештаи споделени од здравствените работници и жртвите предизвикани од експлозиите

Светската здравствена организација (СЗО) ја посети болницата „Ал Акса“, каде што голем број повредени луѓе беа пренесени во текот на ноќта по нападите во центарот на Газа, вклучително и во близина на бегалскиот камп Магази.

Фото: EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Генералниот секретар на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус на платформата „Икс“ напиша дека тимот на СЗО слушнал застрашувачки извештаи споделени од здравствените работници и жртвите предизвикани од експлозиите.

„Едно дете го загуби целото семејство во напад на кампот. Медицинска сестра во болницата ја претрпе истата загуба. Здравствениот персонал очајнички се обидувада спаси 9-годишно момче, кое се здобило со тешки повреди на главата откако било погодено од шрапнели и остатоци од експлозија додека минувало на патот. Лекарите ни рекоа дека неговите повреди се толку сериозни што нема да преживее. Болницата прима многу повеќе пациенти отколку што може да издржи нејзиниот капацитет и персонал. Многумина нема да го преживеат чекањето. Моментално работат пет операциони сали во болницата, но тоа не е доволно“, напиша тој.

Спореде него, СЗО е крајно загрижена поради неподносливиот притисок нанесен на неколкуте болници низ Газа кои остануваат отворени.

Она што се случува во болницата „Ал Акса“ во центарот на Газа е апсолутен масакр, велат од хуманитарната агенција на Обединетите нации (ОЦХА) за Би-би-си.

„Тешко повредени пациенти не можат да се лекуваат, бидејќи болницата е апсолутно преоптоварена“,

велат оттаму.

Том Вајт, директор на агенцијата на ОН за палестински бегалци УНРВА изјави деka во центарот на Газа има околу 150 000 луѓе, кои добиле наредба за евакуација од израелската војска.

Палестинските здравствени власти објавија дека во последнуите напади загинале 70 лица, додека персоналот на болницата „Ал Акса“ пријавил дека има околу 100 жртви.

Израелските одбранбени сили соопштија дека добиле извештаи за инцидент во кампот Магази, во кои се вели дека и покрај предизвиците што ги поставуваат терористите на Хамас кои дејствуваат во цивилните области во Газа, израелсата војска е посветена на меѓународното право, вклучително и преземање изводливи чекори за минимизирање на штетата на цивилите.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека повторно ќе ја интензивира борбата Хамас.

Неговите коментари доаѓаат неколку дена откако американскиот државен секретар Антони Блинкен рече дека Израел треба да го намали интензитетот на своите напади.

Според Нетанјаху, пред да има мир меѓу Израел и Палестинците, Хамас мора да биде уништен, Газа мора да се демилитаризира и палестинското општество мора да се дерадикализира.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тони Зен, Куку Леле, Ѓоко и Кате вечерва ќе ги забавуваат аеродромци

Следно

Во 2023-та година Северна Македонија одбележа 30 години од воспоставување дипломатски односи со дваесетина земји

Latest from Blog

Гоце Делчев, 23 јануари 1902: „Да не се плашиме од смртта. Каде и да нè посети, да ја дочекаме со презир – и да ја победиме!“,

„Зелениче е прекрасно, големо гурбетчиско село. Атмосферата во куќите е речиси градска. Многу од мажите носат панталони. Питоми, приемчиви, гостопримливи луѓе. Ова е првпат да го видам Делчев на работа овде. Тој

Занаетчиите се против минимална плата од 600 евра

Затворање голем број занаетчиски дуќани и отпуштање вработени ќе предизвика зголемувањето на минималната плата на бараните 600 евра, предупреди денеска Занаетчиската комора – Скопје. Според Комората, минималната плата треба да се пресметува

Плус Инфо: Двојни аршини и спорни квалификации во постапувањето на Обвинителството во случајот „Пулс“

Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, кој однесе 63 човечки животи, прераснува во сериозен тест за македонскиот правосуден систем, не само поради тежината на последиците, туку и поради правните преседани

Коњановски: Визијата на Гоце Делчев и денес ја води Македонија

Денеска се одбележуваат 154 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите. Делегација од Општина
Go toTop