ВИДЕО Специјалните полициски единици спасија две момчиња на возраст од 23 и 24 години од водите на Мавровското езеро

March 15, 2025
1 min read

Денеска (15.03.2025) во 12.45 часот преку линијата 112 било пријавено дека во Мавровското езеро биле забележани две лица кои се качиле во чамец и почнале да се движат по езерото. Набргу, чамецот се превртел,  а лицата се држеле за чамецот додека брановите ги воделе кон браната. За настанот биле известени Центарот за управување со кризи, Итна медицинска помош и Национален парк Маврово.

Припадници на Специјалната антитерористичка единица Тигар и Хеликоптерската единица при МВР во координирана акција со Полициското одделение Маврово и наведените институции од водите на езерото во 15.10 часот успешно ги извлекле Х.Б.(24) и И.Р.(23), двајцата од Скопје, во контактибилна состојба, по што биле пренесени во Ургентен центар Гостивар за преглед.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филипче: Власта нема желба да ги покачи платите, затоа партиски го напаѓа Синдикатот

Следно

Видео: Спасени две момчиња од водите на Мавровското езеро

Latest from Blog

ВИДЕО: Колона со камиони од синоќешната полициска акција од заплената на десетици тони марихуана

Десетина комбиња, пет камиони, возила на полицијата и царината вчера попладнево влегоа во просториите на поранешната фабрика ОХИС, каде што од вчеравечер се спроведува полициската акција која е поврзана со 5-те тони

На Зимските олимписки игри ќе нема агенти на ICE- заканите со протести ги одвратија

Ниту еден агент на американската Служба за имиграција и царинска контрола (ICE) не ја обезбедува американската олимписка делегација на Зимските олимписки игри Милано-Кортина, изјави денес за новинарите висок безбедносен службеник на Олимпискиот

На чичко Драги од Рекорд му е потребна помош: Го чекаат две операции, се наоѓа во болница

Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дре­бу­лии на својата тезга кај „Рекорд. По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко

Словенија најавува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години

Словенечката влада усвои насоки за измени на законот со кои би се ограничило користењето на социјалните мрежи за деца помлади од 15 години, пренесе словенечката агенција СТА. Вицепремиерот Матеј Арчон изјави дека

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на
Go toTop