(ВИДЕО) Силно торнадо во Тексас – најмалку три лица загинаа, десетици се повредени

June 16, 2023
1 min read

Освен што однесе човечки животи, торнадото зад себе остави и оштетени домови, деловни објекти и мобилни домови (приколки). Оштети претрпеле и далноводите кои со електрична енергија го снабдуваат градот Перитон во сојузната американска држава

Најмалку три лица загинаа, а десетици се повредени во силно торнадо што го зафати градот Перитон во северниот дел на американската сојузна држава Тексас.

Во општата болница во Перитон се хоспитализирани меѓу 75 и 100 луѓе, а 10 од нив, како што соопшти директорот на установата, се во критична состојба и се префрлени во други болници.

Дел од хоспитализираните имаат повреди на главата, колабирани бели дробови, скршеници на коските.

Дека во невремето загинале три лица потврди шефот на противпожарната служба во Перитон, Пол Дачер, кој соопшти дека две од нив животот го загубиле во централното градско подрачје, а третиот загинал во парк за подвижни домови (приколки) во североисточниот дел на Перитон.

Освен што однесе човечки животи и повреди десетици луѓе, торнадото зад себе остави и оштетени домови, деловни објекти и мобилни домови (приколки).

Во торнадото оштети претрпеле и далноводите кои го снабдуваат градот со електрична енергија.

Метеоролозите предупредуваат дека ризикот од тешки временски услови, вклучително и торнада, ќе се задржи неколку дена, главно во државите во јужниот дел на САД. Можно ново предупредување за торнадо е издадено во областа на Оклахома Сити во сојузната држава Оклахома.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мимоза Ристова: Во романот „Варшавската срна“ ги реанимирам трите љубови на Марија Склодовска Кири

Следно

САД: Во торнадо во Тексас загина едно лице, десетици се повредени

Latest from Blog

Ван Дајк му донесе победа на Ливерпул!

ФОТО:facebook.com/LiverpoolFC/ Ливерпул го победи Сандерленд со 1:0 на гостински терен, додека Кристал Палас, и покрај водството од 2:0, загуби од Барнли – 2:3 на Селхерст Парк. Херој во победата на Ливерпул беше

Ван Дајк му донесе победа на Ливерпул!

ФОТО:facebook.com/LiverpoolFC/ Ливерпул го победи Сандерленд со 1:0 на гостински терен, додека Кристал Палас, и покрај водството од 2:0, загуби од Барнли – 2:3 на Селхерст Парк. Херој во победата на Ливерпул беше

Нова етапа на соработка на Организација на жени и Комисијата за еднакви можности во Советот на Општина Битола

Најстарата женска организација во градот – Организација на жени Битола, денеска обелодени дека во изминатите 4 години имале прекината соработка со Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Битола, алудирајќи на

Идентификуван е сторителот на масакрот во училиштето во Канада- земјата во шок

Џеси Стренг е идентификуван како вооружениот напаѓач во пукањето во Тамблер Риџ, потврди CTV News. Канадските медиуми објавија дека тој извршил самоубиство по крвавото дивеење. Знамињата на половина копје Знамињата на федералните
Go toTop