(ВИДЕО) ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ПЛАНЕТАТА – Хорор во „Големиот Кањон“ во САД, поројни поплави голтаа кампери – има загинати и десетици исчезнати!

August 31, 2026
1 min read

Силни поројни дождови викендов го погодија Големиот Кањон во Аризона, при што еден човек загина, а најмалку 14 се водат како исчезнати, објави „Еј-би-си њуз“.

Невремето ги поплави камповите и пешачките патеки во долниот дел на националниот парк, а спасувачите ги евакуираа планинарите со хеликоптери.

Националната служба за паркови (НПС) синоќа соопшти дека од реката во паркот било извлечено тело. Идентитетот на загинатиот не е објавен.

„Националната служба за паркови ги повикува сите што имаат информации за планинари или за кампери кои на 29 август се наоѓале во внатрешноста на кањонот, долж коридорот Брајт Енџел Крик, како и луѓето кои имале резервации за кампување во погодената област, да ги достават информациите до Истражната служба на Националната служба за паркови“, се наведува во соопштението.

Вкупно 62 луѓе биле евакуирани со хеликоптери од Фантом Ранч и од долниот дел од патеката Северен Кајбаб.

Евакуираните биле префрлени во објект на јужниот раб на Големиот Кањон, каде што Американскиот Црвен крст обезбедува помош.

Засега нема информации за други повредени, а од денеска нема да биде дозволено ноќевање во хотелите.

„Повеќе кампови и патеки се затворени до понатамошно известување и засега нема проценка кога погодените области ќе бидат повторно отворени“, соопшти НПС.

Од НПС предупредија дека во текот на денешниот ден во областа се можни дополнителни грмежи и обилни врнежи, кои може да предизвикаат нови поројни поплави и одрони на камења.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трето место за Иџе во Словенија меѓу 242 АВТОМОБИЛИСТИ ОД ЕВРОПА

Следно

Општина Битола: Граѓани и здруженија му оддадоа почит на војводата Александар Турунџев

Latest from Blog

Реал блеска без Винисиус, Диоманде ќе го седне на клупа Бразилецот

Винисиус би можел да се соочи со сериозен проблем во Реал Мадрид. Бразилецот ја одработи првата од четирите средби суспензија против Севиља, а од трибините гледаше како неговите соиграчи убедливо победуваат и

Трамп: Мигрантите ја презедоа Франција, мора итно да ги затворат границите (ВИДЕО)

Во најновата објава на социјалната мрежа Truth Social, тој упати уште една остра порака до француските власти. „Мигрантите ја презедоа Франција. Тие мора да ги затворат границите, и тоа брзо!“, напиша Трамп.

Флик сака искусен лидер во одбраната: Ван Дајк е на радарот на Барселона

Ханси Флик веќе размислува за засилување на одбраната на Барселона за следната сезона, а едно од имињата што се поврзуваат со каталонскиот гигант е Вирџил ван Дајк. Според пишувањето на каталонскиот медиум
Go toTop