(ВИДЕО) Русинката која Хаг сака да ја уапси зборуваше на состанокот на ОН, некои ја напуштија салата

April 6, 2023
1 min read

Лавова-Белова присуствуваше на неформалниот состанок на Советот за безбедност на ОН кој го свика Русија за да разговара за евакуација на украинските деца од зоната на конфликтот. Русија го презеде претседавањето со Советот за безбедност на 1 април

Емисари од неколку западни земји вчера ја напуштија седницата на Обединетите нации на која говореше руската комесарка за правата на децата, Марија Лавова-Белова, која Меѓународниот кривичен суд (МКС) сака да ја уапси за воено злосторство – илегална депортација на малолетници. Да потсетиме, МКС на 17 март издаде налози за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и Марија Лавова-Белова за воено злосторство илегално депортирање деца од територијата на Украина окупирана од руските сили.

Лавова-Белова присуствуваше на неформалниот состанок на Советот за безбедност на ОН кој го свика Русија за да разговара за евакуација на украинските деца од зоната на конфликтот. Русија го презеде претседавањето со Советот за безбедност на 1 април.

„Додека Русија претседава со Советот за безбедност, ние ќе ја искористиме секоја можност да се спротивставиме на нивната употреба на позицијата за ширење дезинформации“,

рече Линда Томас-Гринфилд, амбасадор на САД во ОН.

Таа додаде дека САД и Велика Британија го блокирале преносот на состанокот преку интернет, така што Лавова-Белова не добила „меѓународна платформа за ширење дезинформации и обид за одбрана на своите ужасни активности во Украина“.

Претставниците на САД, Велика Британија, Албанија и Малта ја напуштија конференциската сала за време на говорот на Лавова-Белова.

Рускиот пратеник Василиј Небензија рече дека ова е јасен показател за „нивната рамнодушност кон судбината на децата од Донбас и Украина“.

Украина ја обвинува Русија дека „украла“ повеќе од 16 000 деца од почетокот на нејзината офанзива пред повеќе од една година. Русија вели дека ги „спасува“ децата од борбените зони и оти има процедура за нивно повторно спојување со нивните семејства.

Москва не ја крие програмата според која донесе илјадници украински деца во Русија, но ја претставува како хуманитарна кампања за заштита на сирачињата и децата напуштени во воената зона.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Арсовска на увид на реконструкцијата на улицата „Радишанска“

Следно

Италија ја истражува Мета

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop