(ВИДЕО) Потона сплав на Сава во Белград – евакуирани 30 малолетници, многумина во паника скокнале во водата

December 24, 2023
1 min read

Како што пренесува српскиот јавен сервис, сите расположиви единици на Одделението за вонредни состојби учестувале во спасувањето на младите лица кои се нашле на сплавот „Картел“, кој почнал да тоне ноќеска, околу половина час по полноќ

Итната помош згрижила 10 малолетници кои по укажаната помош се предадени на нивните родители, додека двајца 17-годишници се пренесени на Воено-медицинската академија (ВМА). Во инцидентот нема повредени. Од Итната помош рекле дека се започнало со дојава за тепачка на сплавот

Сплавот „Картел“ на кејот на Сава во Белград ноќеска почнал да тоне додека на него се наоѓале голем број млади луѓе, претежно средношлколци, јавуваат српските медиуми. Многумина во паника скокнале во студените води на реката.

Евакуцијата на претежно младите лица кои биле на сплавот кога почнал да тоне / Фото: Принтскрин (Инстаграм)

Според извештајот на РТС, по инцидентот од сплавот биле евакуирани 30 луѓе. Екипите на белградската Итна помош згрижиле 10 малолентици, додека двајца поради алкохолозирана состојба биле пренесени на Воено-медицинската академија (ВМА). 

Како што пренесува српскиот јавен сервис, сите расположиви единици на Одделението за вонредни состојби учестувале во спасувањето на младите лица кои се нашле на сплавот „Картел“, кој почнал да тоне ноќеска, околу половина час по полноќ. 

Многумина од присутните во паника скокале во водата обидувајќи се да допливаат до брегот на реката, што може да се види и од фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи.

Од Министерството за внатрешни работи соопштиле дека дојавата оти сплавот тоне и дека луѓе се во вода ја добиле во 00:37 часот.  

„Со пристигнување на местото на настанот во 00:44 часот, констатирано е дека сплавот тоне и дека е потребно да се евакуираат луѓето од сплавот и од водата. Потона мостот меѓу сплавот и брегот“,

соопштиле од Министерството.

Сите 30 лица кои се нашле на „Картел“ биле евакуирани на соседниот сплав, а во акцијата за спасување учестувала речната полиција, жандармеријата, како и 25 припадници на противпожарната и спасувачката единица.  

Итната помош згрижила 10 малолетници кои по укажаната помош се предадени на нивните родители, додека двајца 17-годишници се пренесени на Воено-медицинската академија (ВМА).  

Во инцидентот нема повредени. 

„Нашите екипи згрижија околу 30 млади луѓе кои беа на сплавот. Тие не беа повредени, но мораа да пливаат во ладна вода и доживеаја голем стрес“,

велат од белградската Итна помош, пренесува Н1. 

Од Итната помош рекле дека се започнало со дојава за тепачка на сплавот.  

Според дежурниот лекар, голем број од младите луѓе биле во алкохолизирана состојба.  

Неодамна во градот Смедерево до половина потона сплавот „Боем“ на реката Дунав, додека во него имало гости кои успаеле навреме да излезат.  

На новогодишната ноќ минатата година во Белград потона сплавот „Фристајлер“, поради што беа уапсени одговорните за неговото менаџирање, бидејќи дозволиле присуство на поголем број луѓе од капицитетите на објектот.    

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мостот „Беласица” ќе биде привремено затворен за сообраќај поради градежни активности

Следно

Ноќ за паметење: Бајага „го запали“ Скопје (Галерија)

Latest from Blog

Пакистан и Кина го претставија мировниот план за Блискиот исток во пет точки

Кина и Пакистан објавија план од пет точки за „враќање на мирот и стабилноста во регионот на Персискиот Залив и Блискиот Исток“. Планот произлезе од денешниот состанок на министрите за надворешни работи

ВМРО-ДПМНЕ: Дали некој ќе понесе одговорност за работењето на СЈО?

ВМРО-ДПМНЕ со остра реакција упати серија обвинувања кон поранешни обвинители поврзани со поранешното Специјално јавно обвинителство, повикувајќи ги, како што наведуваат, да се соочат со сопствената одговорност пред да реагираат за најавеното

„Пред да се навредат обвинителите на Заев како Ленче Ристоска што им се одземаат предмети нека помислат дали треба и кривично да одговараат за кражба на народни пари преку СЈО“

Пред да се навредат обвинителите на Зоран Заев на чело со Гаврил Бубевски, Ленче Ристоска, Лиле Стефанова и останатите платеници за политички прогон, што е најавено одземање на предметите на кои работат,
Go toTop