Видео: Ова е резиденцијата на Путин која наводно била цел на напад на украински дронови

December 30, 2025
1 min read

Иако сè уште нема цврсти докази, освен информациите од руските медиуми кои продолжуваат да тврдат дека украинската војска извршила напад врз регионот Новгород, при што целта наводно била резиденцијата на претседателот Путин, која се наоѓа во оваа област.

Иако рускиот претседател Владимир Путин поседува неколку резиденции надвор од Кремљ, светската јавност многу малку знае за неговата резиденција во Валдај, град во регионот Новгород.

Сепак, Фондацијата за борба против корупцијата, основана од рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, објави серија статии за резиденцијата, опишувајќи ја како една од најголемите тајни на Путин.

Документите покажуваат дека резиденцијата е распространета на две парцели. Парцелата од 150 хектари е во трајна сопственост на Федералната служба за безбедност (FSO) и припаѓа на Руската Федерација. На ова земјиште се наоѓаат помошни згради, вклучувајќи магацини, гаражи и хангари, како и мали куќи за гости.

Втората парцела, со површина од 100 хектари, каде што се наоѓаат главните згради на резиденцијата, не е во државна сопственост. Таа му припаѓа на бизнисменот и близок пријател на претседателот Владимир Путин, Јуриј Ковалчук, кој ги издава земјиштето и зградите под закуп на Одделот за управување со имот на претседателот (PPD).

Што се однесува до зградите на имотот, истрагата споменува релативно скромна главна куќа, висока четири ката и површина од 3.500 квадратни метри.

На имотот има и кинески павилјон кој се користел како куќа за гости. Изграден е од компанијата Кредо, која моментално работи и на палатата во близина на Геленџик.

Листата на објекти вклучува и бањи, летниковци, ресторан, паб, дрвени колиби и детско игралиште. Во резиденцијата се наоѓа и црквата „Свети Владимир“.

Зградата содржи криокомора за третмани за подмладување, пловечки базен за ослободување од стрес, козметички и стоматолошки клиники, кади за масажа, стандарден базен од 25 метри, амам и сауна.

Фондацијата за борба против корупцијата особено го истакна делот за масажа во зградата, кој вклучува платформа за тајландска масажа.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најубави новогодишни вести за Микел Артета

Следно

Фото: Александра Пријовиќ за прв пат ја покажа својата ќерка Арија

Latest from Blog

Пронајдени се телата на италијанските нуркачи на Малдивите

Телото на петтиот член на групата е пронајдено порано, по несреќата што се случи во четвртокот. Италијанските државјани биле пронајдени во пештера длабока 60 метри на атолот Ваву, благодарение на заедничката акција

Опозицијата праша кој му ги плаќа патувањата на Фетаи, кој денес не се појави на пратенички прашања

Ве молам, потпретседателе, стопирајте ми го времето. Ве молам да го почекаме да влезе во собраниската сала заменикот-претседател на Владата за добро владеење, Арбен Фетаи. Уредно најавив прашање и ми беше одговорено

Дурмиши: Али Ахмети се крие зад студентските протести

Министерот Бесар Дурмиши по денешниот протест на студентите порача дека проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик потекнува од времето кога ДУИ била на власт, обвинувајќи ја партијата за долгогодишна

Мурињо поставил три услови пред да дојде во Реал

ФОТО:facebook.com/SLBenfica/ Жозе Мурињо е на чекор да стане нов тренер на Реал Мадрид. Иако веста не е официјално потврдена, сите извори наведуваат дека португалскиот стручњак постигнал договор со претседателот Флорентино Перез за

Трамп го предупреди Иран дека му истекува времето, Израел разговара со САД за можно продолжување на нападите

 Објавата доаѓа во услови на подолг застој во дипломатските напори за изнаоѓање на некакво решение со Иран. Неговото предупредување, и натаму не ги колеба властите во Техеран, според кои досегашните методи на
Go toTop