(ВИДЕО) Откриени 23 мигранти и уапсени две лица откако со комби завршија во канал во центарот на Велес

October 30, 2023
1 min read

Во инцидентот еден од мигрантите, инаку малолетник, бил повреден, а возачот на комбито при приведувањето физички нападнал полицаец

Товарно возило – комби, полно со мигранти вчеравечер бегајќи од полицијата паднало во ископан канал на една од главните улици во Велес.

Момент од полициската акција во центарот Велес / Фото: Принтскрин од видео објавено од „Велешки гласник“

Инцидентот се случил околу 20:30 часот на улицата „8 Септември“ во Велес, потврдија за „360 степени “ од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму информираат дека во случајот се уапсени две лица, 18-годишник од селото Стар Караорман, Штипско, кој го управувал комбито марка „форд“ и негов врсник од Штип кој му бил сопатник.

Во комбито биле пронајдени 23 лица – мигранти од Сирија од кои 10 се малолетници.

Полициски екипи триесетина минути претходно се обиделе да го запрат возилото на автопатот А1, но возачот со иницијали А.И. продолжил со движењето и влегол во Велес, каде што паднал во ископаниот канал по бркотница со полицијата.  

„На 29.10.2023 во 20:30 часот на ул. ’8 Септември’ во Велес, полициски службеници од СВР Велес во координација со полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги лишиле од слобода А.И. (18) од с. Стар Караорман, Штипско и Т.Ј. (18) од Штип затоа што во товарното возило ’форд’ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал А.И., а сопатник бил Т.Ј., биле пронајдени 23 лица мигранти од Сирија, од кои 10 малолетници.

Имено, во 20:05 часот на автопатот А1, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово дале знак за запирање на возилото, но А.И. продолжил со движење и со возилото влегол во Велес и на ул. „8 Септември“ излетал од патот и со возилото паднал во ископ“,

се наведува во информацијата од МВР.

Во видеоснимка од инцидентот објавена на фесјбук-страницата „Велешки гласник“ може да се видат многубројни полициски екипи како интервенираат на местото на инцидентот. Исто така, може да се забележи и дел од возилото пропаднато во ископаниот канал.

Притоа, како што додаваат од Министерството, со повреди се здобил еден малолетник, кои му биле констатирани во болницата во градот.

Според полицијата, возачот на комбито при приведувањето физички нападнал полициски службеник.

По наредба на јавен обвинител увид на местото извршила екипа од СВР Велес и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кинеските научници пак чепкаат по вируси

Следно

Влада во Газа: Од 7 октомври уништени се 47 џамии во Појасот Газа, три цркви се оштетени

Latest from Blog

Левандовски влезе во КЛУБОТ 500! (ФОТО)

Фото: ФЦ Барселона/Твитер Уште еден доказ дека станува збор за еден од најдобрите напаѓачи во светот во последните 15 годиини. Имено напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, го запиша својот 500-ти натпревар во

Откажани се вкупно 20 летови: Најнови информации од Скопскиот аеродром, важна вест за патниците

Од 00:00 часот на полноќ до 20 часот, денеска 21 декември 2025 година, на Меѓународниот Аеродром Скопје, поради намалена видливост предизвикана од магла, состојбата со авиосообраќајот е следна: -Слетаа 13 авиони, од:

Џенифер Лоренс јавно го „чепна“ заводникот Леонардо Дикаприо: „Изгледаш одлично со…“

Убавата актерка Џенифер Лоренс предизвика големо внимание во јавноста поради верувањето дека суптилно јавно го критикувала својот колега Леонардо Дикаприо за неговиот љубовен живот, односно партнерките кои ги избира. Двајцата биле гости

Комерцијална банка и Македонијатурист со најголем неделен промет, МБИ10 со пад од 0,41%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 15 до 19 декември 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 328 трансакции со вкупна
Go toTop