(ВИДЕО) Осуденик во САД незадоволен од пресудата скокнал врз судијата

January 4, 2024
1 min read

Тој бил уапсен и задржан во притворскиот центар во округот Кларк и сега се соочува со нови обвиненија, вклучително и напад на заштитено лице (судија) и судски службеници

Судија во американската сојузна држава Невада бил нападнат при изрекувањето на пресудата – обвинетиот ги прескокнал масата и судиската клупа, и ја нападнал судијката Мери Кеј Холтус, која паднала од столчето, пренесе АП.

Насилството било забележано на судска камера, а Холтус се здобила со полесни повреди, соопштија судските власти.

Судскиот маршал е повреден бидејќи прв ѝ пришол на помош на судијката, а морал да оди во болница бидејќи се здобил со исеченица на челото и изместено рамо.

Нападот се случил во средата во Регионалниот суд за правда во Лас Вегас.

Осудениот Деобра Делоун Реден (30) се борел на подот зад судиското столче со неколку обезбедувачи и затворски чувари, од кои некои го удирале со тупаници.

Тој бил уапсен и задржан во притворскиот центар во округот Кларк и сега се соочува со нови обвиненија, вклучително и напад на заштитено лице (судија) и судски службеници.

„Сè се случи многу брзо, беше тешко да се разбере што да се прави“,

изјави шефот на локалното обвинителство, Ричард Скау, кое го гони Реден за напад на лице со безбол палка минатата година.

Адвокатот на Реден, Цезар Алмас, не одговорил на телефонскиот повик на АП за коментар.

Реден не бил во притвор кога пристигнал во судот во средата. Тој носел бела маица и темни панталони додека стоел до адвокатот, барајќи од судијата да биде попустлив бидејќи тој е „човек што никогаш не се откажува да ја прави вистинската работа, без разлика колку е тоа тешко“.

„Јас не сум бунтовнички тип. Мислам дека не треба да одам во затвор. Но, ако е соодветно за вас, направете го она што мислите дека е потребно“,

изјавил Реден.

Кога судијката кажала дека има намера да го испрати во затвор, судскиот маршал почнал да му става лисици, но Реден почнал да пцуе и се нафрлил на судијката.

Ова нема да му биде првпат на Реден да оди во затвор во Невада. Тој претходно одлежал казна за семејно насилство.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поднесено обвинение против 33-годишен скопјанец кој пукал со пиштол во Чаир

Следно

Бројот на жртви во рускиот воздушен напад врз Киев се искачи на 32

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop