(ВИДЕО) Огромно торнадо во САД носи сѐ пред себе, широко е километар и пол

May 7, 2024
1 min read

Времето воопшто не се смирува во централниот дел на САД, познат по разорните торнада. Според метеоролозите, оваа сезона на торнада е посебна затоа што се забележани необични вртлози кои неочекувано го менуваат правецот или ги преминуваат сопствените патеки и на тој начин двапати ја погодуваат истата област, што се случува многу ретко.

Најновата вест доаѓа од државата Оклахома каде е забележано торнадо широко 1,6 километри и дува со брзина од 250 км/ч.

Националната метеоролошка служба издаде предупредување за „екстремно опасна ситуација“ за делови од земјата до 5 часот наутро по локално време во вторник.

„Оклахома ќе биде уништена“, напишаа локалните жители на социјалните мрежи.

Според првите информации има жртви, но точниот број засега е невозможно да се каже. Особено тешко е погоден градот Барнсдал со околу 1.000 жители. Според Њујорк Тајмс, неколку лица се хоспитализирани, а десетици возила на брза помош се на терен. Големи делови од Оклахома се без струја.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Путин официјално го започна својот петти претседателски мандат

Следно

Турскиот претседател Ердоган во Анкара го пречека емирот на Кувајт

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи

Меѓународната агенција за атомска енергија повика на воздржаност по нападот врз нуклеарниот комплекс во Иран

МААЕ во соопштение на мрежата Икс наведува дека Техеран ја информирал агенцијата на Обединетите нации (ОН) дека локацијата била „нападната денеска“. „Не е пријавено зголемување на нивото на зрачење надвор од локацијата.
Go toTop