ВИДЕО: Очевидци велат дека пожарот во барот во Швајцарија настанал од прскалки блиску до таванот, сопственичката била во објектот

January 2, 2026
1 min read

Џесика Морети, сопственичка на барот „Ле Констелејшн“ во скичајкиот скијачки центар Кран-Монтана во Швајцарија, била во објектот за време на пожарот кој се запали на новогодишната ноќ, преживеала, и со изгореници е пренесена во болница.

Таа заедно со нејзиниот сопруг Жак се сопственици на објектот, и се по потекло од Корзика.


Брачната двојка го презела барот во 2015 година, а покрај тој објект, управуваат и со ресторанот „Le Vieux Chalet“ во Ленс. Под нивното водство, барот се трансформираше во популарен ноќен клуб.

Семеен пријател потврдил дека двајцата се живи. Според информациите, само Џесика била во барот, и се здобила со изгореници на раката. Досега ниту еден медиум не разговарал со сопствениците.


Според очевидци, пожарот настанал од прскалки, кои биле ставени на шишиња од шампањско, кои биле преблиску до таванот, од каде почнал оганот, кој брзо се раширил по што настанала паника и стампедо.

„Луѓето трчаа насекаде, врискаа и плачеа“, изјави Даниела од Милано.


Аксел Клавиер рече дека бил заробен во објектот што горел и морал да скрши прозорец за да избега. „Не можевме да видиме поради чадот“, изјави тој за АФП, „половина од мојата облека беше исчезната, беше лудо“.

Тој забележа дека пред да избувне пожарот во барот, келнерките носеле „шишиња шампањ со прскалки кои биле премногу блиску до таванот“. 


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Без квалитетни образование и наука не можеме да јакнеме како нација и држава

Следно

Фудбалерот на Мец е повреден во големиот пожар во Кран – Монтана

Latest from Blog

Се обидел да турне човек под воз- полицијата го пронашла и ќе го судат за обид за убиство (Вознемирувачко видео)

Осомничениот, 26-годишниот Елисио Мелендез, е приведен со кауција од 750.000 долари за инцидентот што се случил на 19 март, објави Фокс 13. Истражителите рекоа дека Мелендез му се приближил на човекот одзади

Андоновски: Дигитализација и сајбер безбедност ќе бидат дел од стратешкиот дијалог

Владата вложува во зајакнување на сајбер безбедноста преку формирање нов Владин центар за одговор на сајбер инциденти, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. „Отвораме Владин центар за сајбер инциденти, преку кој

Николовски: Владата ги потроши креативните решенија за европските интеграции

Извршниот директор на „Евротинк“, Димитар Николовски, во дебата во емисијата „Вин-Вин“ за европскиот пат на земјата оцени дека Владата досега ги потрошила речиси сите „креативни решенија“ во обидите за деблокада на евроинтеграциите,
Go toTop