(ВИДЕО) Ново издание на 360°: Интервјуа со Максим Димитриевски и Изет Меџити

October 17, 2023
1 min read

Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени“, емитувано на 16 октомври 2023 г. на МРТ 1, во кое гостуваат иницијаторот за формирање на партијата Движење ЗНАМ, Максим Димитриевски, и лидерот на партијата Демократско движење, Изет Меџити

Во „360 степени“ објавуваме интервјуа со Максим Димитриевски и Изет Меџити. Со градоначалникот на Куманово и иницијатор за формирање на новата политичка партија Движење ЗНАМ – за наша Македонија, разговараме за тоа кои се луѓето што седеа до него на минатонеделниот настан за најава на новиот субјект, зошто отсуствуваше уставното име, за односите со Бугарија, Преговарачката рамка со ЕУ, дали бугарска војска учествувала во ослободувањето на Куманово во 1944 година, идеолошкото позиционирање на новата партија, неговиот став за правата на ЛГБТИ-луѓето…

Со Изет Меџити, пак, пратеник и лидер на новата партија Демократско движење разговараме за изборните шанси на обединетата опозиција кај Албанците во однос на ДУИ, прашањето за уставните измени (како услов за евентуална соработка со ВМРО-ДПМНЕ или со СДСМ по изборите), за наводите за негови бизнис-врски и влијанија, за тоа дали има (зло)употреба на стари архивски броеви за легализирање нови дивоградби во Чаир, за неговиот став за војната меѓу Израел и Хамас, радикализацијата на верска основа во Чаир…

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Власта треба да одговори дали во Македонија нелегално се следат комуникации

Следно

Битиќи: Ќе предложиме закон за корекција на платите на функционерите, а парите ќе ги насочиме за антикризни мерки

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop