(ВИДЕО) Ново издание на 360°: Интервју со Гордана Јанкулоска по три години поминати во затвор

October 3, 2023
1 min read

Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени“, емитувано на 2 октомври 2023 г. на МРТ 1, во кое гостува Гордана Јанкулоска, ексминистерка за внатрешни работи, која е на отслужување на четиригодишната затворска казна за случајот „Тенк“

Во новото издание на емисијата „360 степени”, со Гордана Јанкулоска, за која пред неколку дена се навршија три години откако е на издржување на четиригодишната казна затвор за набавката на „мерцедесот“ во предметот „Тенк”, разговараме на повеќе теми: престојот и условите во ,,Идризово”; неодамнешната средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски; нејзиниот однос кон и со Никола Груевски; актуелниот судир во партијата; измените во Кривичниот законик; начинот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 до 2017 г.; има ли каење за дел од постапките; плановите за во иднина… Интервјуто со поранешната министерка за внатрешни работи и блиска соработничка на Никола Груевски е снимено за време на нејзиното последно законски дозволено отсуство од затворот.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сончево со мала локална облачност – температури до 28 степени

Следно

Рома веќе започна да го бара наследникот на Мурињо

Latest from Blog

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал

Како бремените жени станаа мета на дезинформации за вакцините

Додека институциите често покажуваат недоволна иницијатива и слаб одговор на проблемите, јавниот дискурс во земјата станува сè повеќе изложен на родови дезинформации кои ја потценуваат сериозноста на насилството врз жените, ги замаглуваат

Божиновска: Македонија го забрзува патот кон европскиот енергетски пазар

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го презентираше напредокот на Реформската агенда пред амбасадорите на Европската Унија. На средбата се акцентираше на праведна енергетска транзиција, интеграција во европскиот енергетски пазар и

Меџити: „Цветан Димов“ ќе стане современ булевар во општина Чаир

Оваа година се очекува да започнат работите на улицата „Цветан Димов“ во Чаир, една од најпроблематичните сообраќајни артерии во Скопје, каде секојдневно се забележува хаос. Проектот доби зелено светло во Советот на
Go toTop