(ВИДЕО) Нови тензии на северот на Косово: Полицијата со солзавец растеруваше граѓани, врие од припадници на КФОР

May 29, 2023
2 mins read

Ситуацијата, според српските медиуми, е напната. Локалните Срби од овие општини денеска се собраа повторно да се спротивстават на новите градоначалници, избрани на локалните избори на 23 април

ФОТО: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Нови тензии утринава на северот на Косово во општините со мнозинство српско население. Косовската полиција утринава употребила солзавец за да ги растера граѓаните откако КФОР им дозволи да се соберат пред зградата на општината во Звечан.

Како што јавуваат српските медиуми, војниците на КФОР, со опрема за разбивање демонстрации, како и припадници на косовската полиција, се распоредени пред општинските згради во Звечан, како и во Лепосавиќ и Зубин Поток каде денеска локалните Срби повторно се собраа да се спротивстават на новите градоначалници, избрани на локалните избори на 23 април, кои српското население ги бојкотираше.

Покрај пред општините, како што јавува РТС, полицијата распоредила специјалци на сите поголеми раскрсници на северот во Косово.

Ситуацијата, според српските медиуми, е напната, а во прекин е и наставата во сите основни и средни училишта, како и во градинките.

Претседателот на Српската листа, Горан Ракиќ, утрово разговарал со припадниците на мировната мисија на КФОР во Звечан.

Како што пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ), тој, наводно, рекол дека барањето на тамошните Срби е новиот градоначалник на оваа општина Илир Пеци да не влегува во општинската зграда. Тој, исто така, побарал од КФОР косовската полиција да ги повлече специјалните единици од оваа област.

Во петокот, по обидите на граѓаните од северот од Косово да ја спречат полицијата да влезе во општинските простории во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ, дојде до судири, во кои полицијата употреби солзавец и шок бомби.

Неколку Срби беа повредени, а косовската полиција влезе во општинските згради и во нив внесе градоначалници Албанци.

По тензиите, српскиот претседател Александар Вучиќ ја подигна борбената готовност на Армијата.

Меѓународната заедница ја повика Владата на Косово да се откаже од одлуките и да не се обидува „насилно да влезе“ во општинските згради, додека Приштина го бранеше ставот новите градоначалници да одат во нивните канцеларии.

Шефот на НАТО Јенс Столтенберг, вчера, го повика Косово да не презема „еднострани и дестабилизирачки чекори“ на северот на Косово.

Косовскиот премиер Албин Курти рече дека ја разбира загриженоста на меѓународните партнери, но „секоја друга опција би била неисполнување на уставните обврски“.

Локалните избори на северот се одржаа откако во ноември минатата година откако градоначалниците на четири северни општини, од Српската листа, најголемата партија на косовските Срби, поднесоа оставка.

Оваа партија ги напушти сите институции на Косово, поради одлуката на Владата во Приштина да го спроведе процесот на пререгистрација на автомобили со српски регистарски таблички.

Вчера, во изјава регионалниот сервис на РСЕ, специјалната известувачка за Косово во Европскиот парламент, Виола фон Крамон, рече дека новите албански градоначалници во општините во мнозинско српско население на северот на Косово можеби имаат право да ги извршуваат своите функции, но ако нивниот влез во општинските згради е можен само со присуство на вооружени полициски сили, тогаш тие имаат нула политички легитимитет.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сирија: Израел истрела ракети во околината на Дамаск, ние ги соборивме

Следно

Ердоган: „Победи Туркије, победи нашата демократија“

Latest from Blog

Чуден потег на тренерот на ПСЖ: Енрике го испрати Дембеле на одмор?!

ФОТО: Ballon d`Or/X Освојувачот на “Златната топка“, Усман Дембеле нема да биде во комбинација за претстојното дерби на француското првенство помеѓу неговиот Пари Сен Жермен и Лил, откако тренерот Луис Енрике одлучи

Катастрофа во Непал: 1.500 ИСЧЕЗНАТИ И 165 ЗАГИНАТИ ВО РАЗОРНИТЕ ПОПЛАВИ

Катастрофалните поплави што ги погодија Непал и Тибет оставија пустош, со стотици загинати и речиси 1.500 луѓе кои се водат како исчезнати. Разорните надојдени води се слевале низ долините, уништувајќи цели села,

ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведува секојдневно миење на микролокациите на контејнерите

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје секојдневно реализираат рачно миење на микролокациите каде што се поставени садовите наменети за одлагање комунален отпад, во сите скопски општини. Миењето на микролокациите на контејнерите се одвива

ПЛЕЈ – ОФ: Цеље не успеа да испише историја, ова се сите клубови кои ќе играат во Лигата на Шампионите(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/nkcelje/ Штета за Цеље, тим од Словенија кој вечерва не успеа за првпат во својата историја да се пласира во ЛШ односно во Лигашката фаза во најелитното клупско натпреварување во Европа. Од

Смрт поради лајкови: Нов опасен тренд ги залуди младите- возат во спротивна насока, сѐ снимаат и објавуваат

Од таканаречените „тинејџерски лудории“ на јавни простори во Соединетите Американски Држави, што доведоа до воведување на полициски час, до „предизвикот за затемнување“, за време на кој корисниците  намерно се задушуваат, виралните, а
Go toTop