(ВИДЕО) Невреме во западна Србија, поплавени улици и објекти

July 4, 2023
1 min read

Силно невреме пропратено со дожд, грмежи и ветер денеска попладнево зафати делови на западна Србија.

Силен дожд наврна во Ужице и околината, поплавени се сообраќајните патишта, приодите до некои згради, а и земјоделските поседи се под вода. Проблеми во Ужице предизвика и Коштичкиот поток кој се излеа по силниот дожд кој паѓаше повеќе од два часа. Причинета е и значителна материјална штета на поплавените објекти.

Жителите на околните села накратко останале и без струја.

Погоден е и Чачак и околината, некои од улици се целосно под вода, а почнале да се излеваат и шахти, јавуваат српските медиуми.Ветерот за малку ќе ги одвеал и оранжериите во селата околу Чачак, па земјоделците се загрижени за овошките и градинарските култури кои се стасани за берба и во кои инвестирале во текот на годината.

Поплавен е и Прибој, каде раскрсниците се под вода.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пресуда на Апелација за „Титаник“: Пониска затворска казна за Јанакиески, условна за Јанкулоска

Следно

Невреме во западна Србија, поплавени улици и објекти

Latest from Blog

Битола високо рангирана во проектот „Заедници со интегритет“, потенцира Коњановски

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop